Поради измените во Кривичниот законик, преквалификувано делото за Мухамед Зеќири

Зеќири сега ќе се гони според член 353, став 4. Претходно по овој став казната изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, предвидена е парична казна или затвор до 5 години

-

Судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска почна од почеток, бидејќи поради последните измени во Кривичниот законик обвинението беше преквалификувано.

Зеќири претходно се гонеше за „Злоупотреба на службена должност“ според член 353, став 5 кој предвидуваше казна затвор од минимум 5 години. Со контроверзните измени во Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции во јавноста, овој став беше избришан. Сега, Зеќири ќе се гони според член 353, став 4. Во однос на овој став, претходно казната изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, предвидена е парична казна или затвор од 1 до 5 години.

И од обвинителството и од одбраната на денешното рочиште рекоа дека стојат на истата листа докази како и во првичното обвинение.

„За обвинетиот, во конкретниот случај има измени во диспозитивот на обвинението, имајќи го предвид фактот дека правната квалификација што му се става на товар се менува, во зависност од член 32 од измените на Кривичниот законик“, рече обвинителката Катерина Коларевиќ.

Со оглед на тоа што сега за Зеќири казната затвор може да изнесува најмногу 5 години затвор, обвинителството го трансформираше обвинението во предлог-обвинение, а судењето ќе се води по скратена постапка.

Поради оваа причина, судечкиот совет се распушти, а предметот ќе го суди судија- поединец, во овој случај, актуелната претседателка на Советот, Фанка Јанчулева Михаиловска.

Воедно, Обвинителството побара на Зеќири да му се укине мерката притвор и наместо тоа да му се определат мерки на претпазливост и тоа: појавување во суд еднаш неделно, забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. Судот го прифати овој предлог.

Поранешниот генерален секретар на Владата Зеќири е обвинет за два договори што ги склучил додека бил на функцијата, со што го оштетил државниот буџет за околу 1,5 милиони евра.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...