fbpx

Започнува второто судење за заговорот за државен удар во Германија

Вооружената група планирала да упадне во зградата на парламентот во Берлин, да ги уапси членовите на Бундестагот и да парадира со канцеларот Олаф Шолц окован, а тоа да биде пренесувано на германска телевизија, во надеж и очекувања групата да ги придобие обичните Германци околу државниот удар

-

Во услови на висока безбедност и огромен медиумски интерес, денеска во Франкфурт ќе започне вториот од трите судски случаи за големата група крајно-десничарски заговорници кои планираа насилно соборување на германската држава.

Пред суд ќе се појават наводниот водач на групата – самонаречениот аристократски агент за недвижнини познат како Принцот Хајнрих Тринаесетти, неговата девојка од Русија и седум други основачки членови, меѓу кои и поранешен полицаец и поранешен судија, кој сега е пратеник на екстремно десничарската партија „АфД“, пренесува Гардијан.

Според федералните обвинители, групата планирала да упадне во Рајхстагот (зградата на парламентот) во Берлин со вооружена поддршка преку своето паравоено крило, да ги уапси членовите на Бундестагот и да парадира со канцеларот Олаф Шолц окован, а тоа да биде пренесувано на германска телевизија, во надеж и очекувања групата да ги придобие обичните Германци околу државниот удар.

Во случај на успех на групата, заговорниците очекувале 72-годишниот Хајнрих да стане нов канцелар на Германија.

Групата е дел од растечкото движење познато како Рајхсбиргер (граѓани на Рајхот), кое се проценува дека има околу 23.000 членови. Групата одбива да ја признае легитимноста на модерната германска држава и бара германските граници да се прецртаат на линиите пред 1918 година.

Судењето во Франкфурт е второ во кое се вклучени заговорниците на државен удар. Судењето што го вклучуваше наводното воено крило на групата, составено од поранешни војници на специјалните служби, полицајци, металуршки работник и водоводџија, започна во Штутгарт кон крајот на април.

Третото судење на таканареченото езотерично крило на групата, кое вклучува лекар и познат германски готвач и кои се сметаа за „кабинет во чекање“, треба да се одржи во јуни во Минхен.

Им се суди на вкупно 26 лица, а случаите се очекува да траат најмалку една година.

Заговорниците беа уапсени во декември 2022 година, кога насилно вооружени сили упаднаа во куќи, станови, канцеларии и ловечки дом.

Полицијата соопшти дека групата собрала повеќе од половина милион евра во злато и готовина, како и стотици парчиња огнено оружје, десетици илјади парчиња муниција и експлозиви. Набавиле и сателитски телефони за да останат во контакт откако паравоеното крило ќе ги спроведе плановите за прекин на националните комуникациски мрежи и струјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Not a living soul“ – лингвистичка и политичка манипулација од руската кујна

Објава на Фејсбук шири невистина дека во англискиот јазик нема еквивалент за рускиот израз „ни души“, односно за нашиот „ни жива душа“, па Англичаните и Американците за тоа го...