Петровска: Сомнителна руска фирма сакаше да добие тендер за криптозаштита во Министерството за одбрана

Петровска рече дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма

-

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за Министерството за одбрана, информира денеска министерката Славјанка Петровска.

За случајот информираше првично телевизија Телма, каде министерката Петровска во интервју за КОД изјави дека фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството за одбрана со кој би имала пристап до информатичкиот систем, но понудата била отфрлена и е отпочната истрага.

Станувало збор за голема набавка, од 1.5 милиони евра за тендер за опрема за криптозаштита.

„Понудата на оваа фирма беше речиси иста со другите две фирми, значи не се разликуваше многу, можеби за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, речиси 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потврди сомнежот дека по секоја цена сакаа да го земат тендерот и да извршат влијание“, изјави министерката.

Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.

Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...