fbpx

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

На 14 февруари видеото се шири на Х, Телеграм и на руската социјална мрежа ВКонтакте. Истиот ден, видеото на руски портали се користи како доказ за веродостојноста на информациите. А, во наредните денови се шират вести и објави на социјалните мрежи во поширокиот регион, секаде каде што претежно се држат до про-руските наративи

-

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска и воена помош, па дури и да вмеша НАТО членка во војната. Веста се шири од опскурни социјални профили, а понатаму ја преземаат традиционалните медиум, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Вo најава од Елисејска палата францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе ја одложи официјалната посета на Киев, пишуваат на интернет изданието на францускиот неделник „Шалнож“. Ова е втор пат да се одложи посетата. Првата беше најавена во средина на јаунари за во средина на февруари, па откажана – со многу неспецифично објаснување „заради безбедносни причини“. Вакумот на информации го пополни дипфејк видео кое оставаше впечаток дека е емитувано на францускиот државен канал Франс 24.

Во видеото лажно се пратставува дека посетата на Макрон е откажана затоа што француската разузнавачка служба пресретнала информација за можен атентат на Макрон. Не само тоа, туку атентатот ќе бил извршен од украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија.

На балканот оваа вест брзо се прошири, па колегите од Словенија, БиХ, Албанија и Црна Гора ги рецензираа објавите на оваа тема. „Од кого сѐ се плаши Макрон“ гласи текстот на српскиот портал „Политика“ објавен дури четири дена подоцна, a од „Борба“, следниот ден по објавата на видеото пишуваат:

Украинските власти подготвуваа обид за атентат на францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата, сега откажана, посета на Киев.

Токму оваа околност предизвика ненадејно откажување на патувањето на францускиот лидер, пренесува Франс 24.

Изданието [Франц24] забележува дека ликвидацијата на Макрон ја подготвил шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, по наредба на претседателот Володимир Зеленски.

Планирале да го убијат францускиот претседател, за време на неговата посета на Киев, за да предизвикаат ехо на Западот, бидејќи за обидот за атентат сакале да ги обвинат „руските специјалци“.

Ќе бидат презентирани „докази“ измислени од украинската разузнавачка служба, пишуваат на Борба.инфо.

Кај нас, со тенденциозен наслов Инфомакс ја пренесе веста, а профил на Фејсбук кој има редовни објави со подгорлив материјал, исто така го стори тоа — објава која е директно препишана и преведена од Х (поранешен Твитер), профилот на поранешниот претседател и моменталното второ лице на рускиот Совет на безбедност, Дмитриј Медведев:

 

Видеото е разобличено од Франс 24 следниот ден-штетата веќе е направена

Бидејќи видеото е направено да изгледа како да е вистински прилог од телевизиски вести на Франс 24, самата редакција ден по појавувањето на материјалот, на 15-ти февруари го дебанкира лажното претставување на својот колега:

 

На 14 февруари видеото се шири на Х, Телеграм и на руската социјална мрежа ВКонтакте. Истиот ден, видеото на руски портали се користи како доказ за веродостојноста на информациите. А, во наредните денови се шират вести и објави на социјалните мрежи во поширокиот регион, секаде каде што претежно се држат до про-руските наративи.

 

Времето, мотивот и целта на дипфејкот јасно укажуваат на авторот

Во поширок контекст, времето кога се споделува видеото и целта на оваа дезинформација се воочливи. Денови пред да се објави видеото, Франција прави две работи што ја провоцираат Русија. Првата е таа што разоткриваат длабока мрежа за влијаење преку дезинформации:

Вигинум [Француска организација за мониторирање на странски дезинформации] соопшти дека открила руска мрежа од 193 веб-страници кои ги нарекуваат „Портал Комбат“. Повеќето од овие страници, како што е topnews.uz.ua, се создадени пред години и многумина останаа во мирување. Над 50 од нив, како што се news-odessa.ru и pravda-en.com, се создадени од 2022 година. Тековниот сообраќај кон овие страници, кои постојат на различни јазици, вклучувајќи француски, германски, полски и англиски, е низок. Но, француските власти мислат дека се подготвени да бидат агресивно активирани како дел од она што еден официјален претставник го нарекува „масовен“ бран на руска дезинформација, пишуваат во Економист.

Втората причина е тоа што само десетина дена порано, од Киев најавијa дека се во втора рунда преговори со Франција за билатералниот договор за безбедност и соработка. Договор, што беше потпишан токму на 15 февруари.

Слично како и во претходни обиди да ги дискредитираат како Зеленски, така и украинското раководство и војска, и во овој обид за раздор има една крајна цел – да се сопре подршката на Украина, без разлика на каков начин ќе се постигне тоа.

Пишува: Матеј Тројачанец

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...