fbpx
Таг: монтирано видео

таг: монтирано видео

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска...

Пропагандно видео за да се оцрни Бајден, а да се глорифицира Путин

Двата контекста во кои Бајден и Путин се сретнаа со децата на кои им се обраќаат, се различни. Во случајот со Путин може да се види дека станува збор за однапред договорено интервју и средба, со оглед на тоа што камерите на видеото се веќе поставени, а тој се однесува согласно ситуацијата којашто е инсценирана. Видеото од Бајден, од...

Александар Николоски не признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и против ЕУ

Не е вистина дека Николоски признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и дека е против ЕУ, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Очигледно е дека станува збор за монтирано видео, со цел да се оцрни најголемата опозициска партија. Доколку се слушне целосното интервју на Николоски, дадено за ТВ21, ќе се види дека тој зборува за наративот на власта која...

Некохерентниот говор на Камала Харис во ова видео е компјутерски манипулиран

Видеоклипот што се споделува во постот е дигитално изменет во аудио делот. Навидум бесмислениот монолог на потпретседателката на САД е дигитално изменет. Од оригиналната снимка објавена на страницата на Белата куќа (1 час и 1 минута од видеото) се гледа дека Харис кажала нешто сосема поинакво од тоа што се прикажува во кусиот видеоматеријал. На Твитер постои профил кој објавува...

Во Мека на 1 јануари не паѓал снег

Според Националниот центар за метеорологија на Саудиска Арабија, видеото на кое се прикажува снег како паѓа во големата џамија во Мека, е дигитално изменето. Во твитот постиран на официјалната страница на Арабија временска прогноза, исто така, се вели дека видеото насловено како: „Првпат снег во Мека” е технички изменето со филтри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Изменето видео лажно прикажува дека Бајден бил исвиркан за време на говорот на Обама

Постот и видеото коишто се споделуваат на Фејсбук се со изменета содржина (altered video). Во ниту еден момент од видеото, Обама не е ниту лут, ниту пак е вистина изнесеното во постот, дека не успеал да ја контролира толпата присутна на неговиот говор. Аудио делот во позадина на видеото е измонтиран, односно додаден, за да се добие лажна слика...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...