Некохерентниот говор на Камала Харис во ова видео е компјутерски манипулиран

-

Видеоклипот што се споделува во постот е дигитално изменет во аудио делот. Навидум бесмислениот монолог на потпретседателката на САД е дигитално изменет. Од оригиналната снимка објавена на страницата на Белата куќа (1 час и 1 минута од видеото) се гледа дека Харис кажала нешто сосема поинакво од тоа што се прикажува во кусиот видеоматеријал. На Твитер постои профил кој објавува изменети видеа од политичари, од каде оригинално се проширило и видеото од постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видеоматеријал од 22 секунди, во којшто е прикажана потпретседателката на САД, Камала Харис. Во постот се вели:

Утрешни маки вчерашни, денес живеени.

Видеото ја прикажува потпретседателката Харис како држи говор, а пред неа на панел е испишано „репродуктивна слобода“. Видеото лажно ја прикажува Харис дека кажала:

Денес е денес. И вчера беше денес – вчера. Утре ќе биде денес – утре. Така што, живејте денес за иднината денес да биде како минатото – денес. Како што е утре.

Но, клипот долг 22 секунди е компјутерски манипулиран односно изменет во аудио делот. Навидум бесмислениот монолог е дигитално изменет, сменети се оригиналните зборови на потпретседателката. Од оригиналната снимка објавена на страницата на Белата куќа се гледа дека Харис кажала нешто сосема поинакво од тоа што се прикажува во видеото од постот што го рецензираме.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Франс Прес, во неизменетата верзија од видеото емитувана на Фејсбук на 26 април од страна на непрофитната група NARAL Pro-Choice, евидентно е дека движењата на Харис коишто кореспондираат со оние во видеото од постот почнуваат на 1 час и 1 минута.

Според снимката и официјалниот транскрипт објавен од страна на Белата Куќа, Харис вели:

Така што, мислам дека е многу важно за нас (како што слушнавте од многу неверојатни лидери), да го видиме моментот во времето во кое постоиме и сме присутни и да бидеме спремни да го контекстуализираме – да разбереме каде постоиме во историјата и во моментот, како што тој е поврзан не само со нашето минато туку и со иднината. И ќе им кажам на сите тука, во момент од времето каде многу од нашите тешко освоени слободи се нападнати, и ова е момент за нас да станеме и да се бориме.

Харис продолжува во видеото со говор за пристапот до абортус и правата на жените да направат избор за своите сопствени тела. Како што пишуваат проверувачите на факти на Квинт, на Твитер постои профил кој објавува изменети видеа од политичари, од каде оригинално се проширило и ова видео од постот.

Изменетото видео на Твитер има над 4 милиони прегледи. На Твитер под видеото има известување дека врз материјалот е поставено аудио кое не е од Камала Харис, односно дека е дигитално изменето. На следниот линк претставена е и жената која што го имитира гласот на Харис во конкретниот случај.

До исти заклучоци дојдоа и проверувачите на факти на Мит Детектор.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како пост во кој содржината е изменета (altered content).

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога тие ги...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк...