fbpx

ГЕРБ ќе се жали до ЕУ откако на Ковачев му беше забранет влез во земјава

Слични недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓаните на РСМ, кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република Северна Македонија, велат од владејачката бугарска партија

-

Владејачката бугарска партија ГЕРБ ќе се жали до официјалните власти на ЕУ откако вчера на нивниот член и европратеник Андреј Ковачев не му бил дозволен влез во Македонија.

„На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на паднатите војници за нашата татковина, властите на Република Северна Македонија го направија невидениот чин да не му дозволат влез на шефот на пратеничката група ГЕРБ-СДС во ЕП, д-р Андреј Ковачев, кој е исто така и портпарол на групата ЕПП во Европскиот парламент одговорна за проширувањето на ЕУ и Западен Балкан“, беше објавено на Фејсбук профилот на партијата.

Партијата, како што се вели во објавата, категорично ги осудува овие постапки на македонските власти.

„Слични недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓаните на РСМ, кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за развојот на добрососедските односи меѓу двете земји. ГЕРБ и нејзиниот лидер направија насочени напори да ја забрзаат европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на PCM. Потсетуваме дека во 2017 година, премиерот Борисов и премиерот Заев го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Токму за време на првото бугарското претседавање со ЕУ, темата за проширување беше вратена на агендата на Унијата. ГЕРБ ќе ги информира своите европски партнери, како и еврокомесарот за проширување“, додаваат од ГЕРБ.

Вчера, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на претседателот на бугарската фондација „Бугарска историја“ Милен Врабевски и на уште тројца други бугарски државјани денеска не им беше дозволен влез на македонска територија на граничниот премин „Ново Село“.

На бугарскиот европратеник Ковачев и на Врабевски не им беше дозволен влез во земјава

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...