сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Андреј Ковачев | 15 резултати

ГЕРБ ќе се жали до ЕУ откако на Ковачев му беше забранет влез во земјава

мај 7, 2023

Владејачката бугарска партија ГЕРБ ќе се жали до официјалните власти на ЕУ откако вчера на нивниот член и европратеник Андреј Ковачев не му бил дозволен влез во Македонија. „На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на паднатите војници за нашата татковина, властите на Република Северна Македонија го направија невидениот чин да не му дозволат влез на […]

На бугарскиот европратеник Ковачев и на Врабевски не им беше дозволен влез во земјава

мај 6, 2023

На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на претседателот на бугарската фондација „Бугарска историја“ Милен Врабевски и на уште тројца други бугарски државјани денеска не им бил дозволен влез на македонска територија на граничниот премин „Ново Село“. Официјални информации од македонските власти за забраната за влез на овие лица во земјава засега нема, но откако биле вратени […]

Ковачев: Мицкоски е поголем бугарофоб и од неговиот претходник Груевски

мај 20, 2021

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, вели дека се двоумел кој е поголем бугарофоб, сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски или неговиот претходник Никола Груевски (инаку осуден на повеќегодишна затворска казна во земјава н.з.), пренесува БГНЕС. „Додека Зоран Заев, Стево Пендаровски и Никола Димитров ги посетуваат главните градови во Европа, жалејќи се на Бугарија, Христијан […]

Во годишниот извештај за земјава, ЕП со амандмани против бугарските провокации

март 23, 2021

Во Годишниот извештај за Северна Македонија поднесен до Европскиот парламент (ЕП), кој ќе се најде на дневен ред пред европратениците утре и задутре (24 и 25 март 2021) да се додадат и амандмани кои се однесуваат на непримереното однесување и провокации на претставници на бугарските власти. Со таков предлог вчера излегле европратеници од Зелените и […]

Ковачев го прогласи Пендаровски „за заведен или неписмен“

септември 27, 2019

Со остри зборови европратеникот од бугарската владејачка партија ГЕРБ, односно од Европската народна партија, Андреј Ковачев се нафрли на македонскиот претседател Стево Пендаровски, поради неговата изјава дека „земањето бугарски пасоши од страна на Македонци поради интерес е во истиот историски контекст во кој Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго […]

Каракачанов не чита историја, а ни договори кои ги потпишала владата во која членува

декември 10, 2018

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и претседател на ВМРО-БНД, а по него и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ГЕРБ, обајцата припадници на бугарската политичка десница, викендов настапија со остри квалификации за македонскиот национален идентитет. Вториот, иако не ги повтори заканите од Каракачанов дека Бугарија може да го блокира зачленувањето на Македонија во […]

ВМРО-ДПМНЕ до Брок и до Ковачев: Десоросоизација е од исклучителна важност за Македонија

февруари 24, 2017

„Обидот за бришење на цел народ преку една срамна декларација е чин за најголема осуда, кој се коси со сите демократски принципи. Македонци во Албанија постоеле и ќе постојат и покрај обидите на европратеникот Андреј Ковачев и негови истомисленици со срамна резолуција да ги прогласат за Бугари“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на […]

Европратениците Брок и Ковачев протестираат до Груевски поради нападите од СОС

февруари 23, 2017

Европратениците Елмар Брок и Андреј Ковачев, членови на групата на Европска народнa партија, на 15 февруари испратиле протестно писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во врска со нападите од „Стоп операција Сорос“ (СОС), за која иницијатива велат дека е блиска до владата на „поранешната југословенска Република Македонија“. Брок и Ковачев, пишувајќи како припадници на […]

НДМ бара Џамбаски и Ковачев да се прогласат за непожелни во Македонија

февруари 19, 2017

Народно движење за Македонија на прес-конференција побара бугарските европратеници Анѓел Џамбаски и Андреј Ковачев да се прогласат за непожелни личности во Република Македонија. Злате Војноски член на Извршниот комитет на НДМ рече дека бугарските европратеници по кој знае кој пат продолжуваат со своите груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација и […]

Бугарските европратеници ги заборавиле вистинските вредности на ЕУ, оцени Попоски

февруари 16, 2017

Шефот на македонската дипломатија во заминување Никола Попоски денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“, потсетувајќи на разговор со неименуван европратеник, оцени дека бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски ги ставиле своите лични цели и интереси при носењето на резолуцијата за напредокот на Албанија кон ЕУ, во која на нивно барање се потврдува постоењето […]

Бугарски европратеник: Груевски со антибугарски акции собира изборни поени

септември 26, 2016

Лидерот на македонската владејачка партија се обидува со подгревање на антибугарскиот сентимент да ги освои претстојните избори во земјата, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, коментирајќи ги тензиите меѓу двете земји кои настанаа по поставувањето и по кршењето на бугарската спомен-плоча на македонскиот врв Кајмакчалан, посветена на паднатите бугарски војници во Првата светска војна. Според Ковачев, […]

Страна 1 од 1