fbpx

На бугарскиот европратеник Ковачев и на Врабевски не им беше дозволен влез во земјава

Бугарското МНР во соопштението вели дека е разочарано од одлуката на македонските власти да го засенат одбележувањето на Ѓурѓовден, кое се организирало денеска во струмичко Ново Село

-

На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, на претседателот на бугарската фондација „Бугарска историја“ Милен Врабевски и на уште тројца други бугарски државјани денеска не им бил дозволен влез на македонска територија на граничниот премин „Ново Село“. Официјални информации од македонските власти за забраната за влез на овие лица во земјава засега нема, но откако биле вратени од граница, со експресна реакција се огласи бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува Бугарското национално радио.

Бугарското МНР во соопштението вели дека е разочарано од одлуката на македонските власти да го засенат одбележувањето на Ѓурѓовден, кое се организирало денеска во струмичко Ново Село. Како што велат тие, настанот традиционално се организира како панихида на бугарските воени гробишта од бугарската амбасада во Скопје, бугарскиот конзулат во Битола и фондацијата „Бугарска историја“.

Од бугарското МНР велат дека годинава за првпат требало да има заедничка богослужба од претставници на двете православни цркви, претставници на воено-дипломатски кор во земјава и ученици од Бугарија.

Бугарските власти во соопштението нагласуваат дека бараат барем да се прекине со „провокациите кон Бугарија, Бугарите и претставниците на европските институции“. Тие ќе го покренат прашањето за забрана за влез на бугарските лица пред македонските власти и меѓународните партнери, бидејќи сметаат оти настаните имаат негативно влијание врз добрососедските односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...