fbpx

Бугарија ја обвинува Србија за репресии врз бугарското малцинство, ќе бара помош од ЕУ

Станува збор за случајот со претседателот на невладината организација „Глас“ во Србија Александар Димитров, на кого не му бил дозволен влез од Бугарија во Србија со три примероци од книгата „Елегии за крај“ на Едвин Сугарев

-

Бугарски пратеници од Европскиот парламент на владејачката коалиција ГЕРБ-СДС ги информира институциите на ЕУ за “репресиите” со кои се соочуваат граѓаните со бугарски идентитет во Србија, јавува mediapool.bg. Ваквиот потег на Бугарија следи откако српските власти спречија внесување на книга од бугарски поет на територијата на нивната земја.

Станува збор за случајот со претседателот на невладината организација „Глас“ во Србија Александар Димитров, на кого не му бил дозволен влез од Бугарија во Србија со три примероци од книгата „Елегии за крај“ на Едвин Сугарев.

Димитров пет часа поминал на граничниот премин меѓу Бугарија и Србија, но не добил документ за чување на книгите, потсетуваат од коалицијата ГЕРБ-СДС.

Европратеникот Андреј Ковачев изјави дека тој самиот го напишал воведот на издадената книга и знаел дека нема ништо провокативно во тоа.

„Книгата едноставно го прикажува животот на луѓето во Босилеград и неговата околина во минатиот век. Всушност, се фокусира на критиките на бугарските власти, а не на српските“, изјави европратеникот Андреј Ковачев, кој е и член на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Инаку, пратениците на ГЕРБ-СДС во Европскиот парламент во своето писмо нагласуваат дека е неприфатливо Србија како европска земја во 21 век, која аплицира за членство во ЕУ, да се однесува како тоталитарен режим од средината на 20 век.

Босилеград е општина на крајниот југозапад од Србија што е лоцирана на тромеѓето меѓу Србија, Македонија и Бугарија, во која според податоците од последниот спроведен попис на српската држава живее доминантно бугарско население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...