fbpx

Последен ден од гласањето на изборите за Европскиот парламент

Се проценува дека 361 милион гласачи го оствариле правото на глас за време на четиридневниот изборен циклус кој завршува денес

-

Стотици милиони гласачи излегоа на гласање на изборите за Европскиот парламент. Во повеќето земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија и Полска, граѓаните гласаат денес, на последниот ден од четиридневниот изборен циклус што започна во четвртокот во Холандија, пишува Гардијан. 

Најголем број европратеници или 96 се избираат во Германија, по што следува Франција со 81, Италија со 76, Шпанија со 61, Полска со 53, Романија со 33, Холандија со 31, Белгија со 22, Грција, Португалија, Унгарија, Чешка и Шведска со по 21, Австрија со 20, Бугарија со 17, Данска, Словачка и Финска со по 15, Ирска со 14, Хрватска со 12, Литванија со 11, Летонија и Словенија со по 9, Естонија со 7 и Кипар, Луксембург и Малта со по 6 членови во Европскиот парламент.

Најголемиот блок најверојатно ќе остане централно-десничарската Европска народна партија на Фон дер Лајен, која се очекува да задржи околу 176 места во парламентот. Групата социјалисти и демократи од левиот центар се очекува да има околу 139 места.

Дополнително, групација Европски конзервативци и реформисти, се очекува да освои од 76 до 82 мандати што е повеќе од екстремно десничарската група Идентитет и демократија со околу 68 пратеници, блокот на Зелените и Европска слободна алијанса кој би требало да освои од 41 до 58 европратеници и Левицата со од 32 до 42 места.

Партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да добијат околу 55 места.

Европскиот парламент треба да е составен од вкупно 720 европратеници.

Излезноста ќе биде внимателно следена за изборите. Гласањето во 2019 година, кое се одржа по напуштање на Обединетото Кралство од ЕУ забележа дека излезноста достигна 50,6%, што е највисоко во последните 25 години. Исто така, се забележува пораст на младинското гласање со тоа што Белгија и Германија им се придружија на Австрија и Малта во давањето право на глас на 16-годишниците.

Се проценува дека 361 милион луѓе гласале за време на четиридневниот изборен циклус кој завршува во 23 часот по средноевропско време денес, кога италијанските избирачки места ќе се затворат. Претставниците на Европскиот парламент очекуваат да имаат прилично дефинитивна слика за како ќе изгледа следниот состав на парламентот до околу 1 часот по полноќ.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...