понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Камала Харис | 30 резултати

Трамп одби да се појави на втора дебата со Харис: „Предоцна е“

22 септември 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да учествува на втората ТВ дебата пред претседателските избори во ноември, јави Би-Би-Си. Додека заменик-претседателката Камала Харис, кандидатка на Демократската партија, ја прифати поканата за дебатата за Си-Ен-Ен на 23 октомври, републиканскиот кандидат Трамп на предизборен митинг рече дека е „предоцна“, бидејќи гласањето веќе започнало. Тимот на […]

ФБИ: Од Иран до кампањата на Бајден се испратени хакирани документи на Трамп

19 септември 2024

Ирански хакери до кампањата на актуелниот американски претседател Џо Бајден испратиле доверливи информации украдени од кампањата на неговиот ривал Доналд Трамп. Хакерите испратиле мејлови на луѓе поврзани со тогашниот демократски кандидат во обид да се мешаат американските избори што треба да се одржат годинава, соопштија ФБИ и други американски агенции. ФБИ на 12 август потврди […]

Нема докази дека Камала Харис носела обетки-слушалки за време на дебатата со Трамп

17 септември 2024

Не е јасно дали некој навистина поседува пар од обетките, кои не се достапни за купување на веб-страницата на „Ајсбах“ (Icebach). Основачот и извршен директор на компанијата Малте Иверсен изјавил за Ју-ес-еј тудеј дека обетките не се на залиха и дека компанијата во моментов бара инвеститори за „соодветно да ги засилат операциите“. Icebach ја стекна […]

Доналд Трамп вели дека нема да учествува во друга претседателска дебата против Камала Харис

13 септември 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера објави дека нема да учествува на друга претседателска дебата со неговата опонентка, американската потпретседателка Камала Харис. „НЕМА ДА ИМА ТРЕТА ДЕБАТА“, напиша со големи букви Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, а пренесе Си-ен-ен. Кампањата на Камала Харис, пак, повика на нов дуел откако таа и Трамп пред […]

Не е точно дека Камала Харис лажно се вакцинирала против ковид-19

12 септември 2024

Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата […]

Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис за претседателка на САД

11 септември 2024

Една од најпопуларните музички артисти во светот, Тејлор Свит ја поддржа Камала Харис за претседателка на САД. Во објава на Инстаграм неколку минути по синоќешната претседателска дебата, таа напиша дека кандидатката на Демократите ќе биде „воинот“ што ќе се бори за правата и каузите во кои верува. „Како гласач, внимавам да гледам и читам сè […]

Гледачите на „Фокс њуз“ сметаат дека Харис вешто настапи на дебатата против Трамп

11 септември 2024

Вчера се одржа првата дебата меѓу американските кандидати за претседател Доналд Трамп и Камала Харис. Иако беше прва претседателска дебата за потпретседателката Харис, повеќето медиуми, како и гласачи на конзервативната телевизија „Фокс њуз“, сметаат дека Харис повешто и поцврсто настапи на дебатата. Ова беше првата дебата откако Џо Бајден се повлече од претседателската трка по […]

Камала Харис официјално номинирана за кандидат за претседател на Демократската партија

23 август 2024

На последниот ден на Демократската национална конвенција, потпретседателката Камала Харис официјално беше номинирана за кандидат за претседател на Демократската партија, пренесува Би-би-си. Таа одржа говор кој покри различни теми, како Трамп, работата што ја има направено во администрацијата на Џо Бајден и што ќе следи во иднината „Со овие избори нашата нација има посебна, но […]

Трет ден на Демократската национална конвенција: Тим Волц официјално номиниран за потпретседателски кандидат

22 август 2024

Вчера беше третиот ден на Демократската национална конвенција, односно најголемиот јавен собир на Демократската партија во САД. Утре Камала Харис ќе биде официјално номинирана за претседателскиот кандидат на Демократската партија, а вчера официјално беше номиниран Тим Волц за кандидат за потпретседател на партијата, пренесува „Асошиејтед прес“. Волц е гувернерот на Минесота и беше релативно непознат […]

Прв ден на Демократската национална конвенција: Хилари Клинтон зборуваше за „стаклениот плафон“, Бајден ја спомена Газа

20 август 2024

Вчера започна Демократската национална конвенција во САД. Таа важи за најголемата средба на Демократската партија, каде официјално се номинира претседателскиот кандидат, меѓу другото, пренесува „Асошиејтед прес“. Претседателот Џо Бајден во својот опширен говор даде ретроспектива на својот мандат, го критикуваше републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп и со полн ентузијазам го повика американскиот народ да […]

Неосновано се тврди дека Камала Харис ќе ја декриминализира педофилијата

20 август 2024

Потпретседателскиот кандидат на демократите и актуелен гувернер на Минесота Тим Волц не потпишал никаков нацрт-закон за редефинирање на терминот „сексуална ориентација“ за да ги вклучи педофилите. Оттука, произволно и без докази се тврди дека доколку Харис стане претседателка на САД, ќе ја декриминализира педофилијата. Таа досега нема изјавено такво нешто. Според законот на Минесота, возрасен […]

Бајден ги повика граѓаните да гласаат за Харис во оптимистички говор

20 август 2024

Само еден месец откако американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ја повлекува својата кандидатура за претседател и ја предава штафетата на потпретседателката Камала Харис, тој одржа оптимистички говор на  Демократската национална конвенција (ДНЦ), пренесува Гардијан. Бајден цврсто застана зад Харис, апелирајќи на публиката да гласа за неа за да се „заштити демократијата“. „Верувам дека напредокот […]

Гугл: Иран се обиде да ги хакира кампањите на Трамп и Бајден-Харис

15 август 2024

Според нов извештај објавен од технолошката компанија Гугл, имало напори од ирански хакери да ги таргетираат кампањите на Трамп и Бајден-Харис во мај и јуни, како дел од поголема тековна операција на „фишинг“ напади, пренесува Ен-би-си. Извештајот на Гугл беше објавен само неколку дена откако кампањата на Трамп соопшти дека била мета на хакерски напад […]

Лапсусот на Камала Харис злоупотребен за нова теорија на заговор

8 август 2024

Старо видео од стар говор на Камала Харис е злоупотребено за да се обвини дека заговара агенда за депопулација. Станува збор за обичен лапсус, кој на страницата на Белата Куќа е поправен и објавена е исправка. Официјалниот транскрипт на нејзиниот говор, јасно ја покажува исправката истакнувајќи дека Харис требало да каже „загадување“ (pollution) наместо популација […]

Вештачката интелигенција ги спои Камала Харис и Џефри Епстајн

4 август 2024

Алатката за откривање вештачка интелигенција на Hive Moderation утврди дека сликата има 99,7 отсто веројатност да содржи елементи генерирани од вештачка интелигенција или дипфејк и дека е веројатно дека е создадена со програмата Stable Diffusion, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме интегрално:   Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува фотографија од американската потпретседателка, Камала Харис и починатиот осуден сексуален престапник, Џефри Епстајн, […]

Трамп за септември најави дебата со Камала Харис

3 август 2024

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека се договорил со телевизиската куќа Фокс Њуз на 4 септември да има дебата со Камала Харис, американски потпретседател и очекуваниот демократски кандидат за претседател на САД. „Се договорив со Фокс Њуз да имам дебата со Камала Харис во среда, 4 септември“, напиша Трамп на својата социјална мрежа […]

Барак и Мишел Обама ја поддржуваат Камала Харис за претседателска кандидатура

26 јули 2024

Поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама ја поддржаа претседателската кандидатура на Камала Харис, како што беше прикажано од видеото објавено на Си-Ен-Ен. „Мишел и јас не би можеле да бидеме погорди што ве поддржуваме и правиме сè што можеме за да ги поминете овие избори и да влезете во Овалната соба“, […]

Камала Харис обезбеди поддршка за кандидат за претседател

23 јули 2024

Кампањата на Камала Харис соопшти дека обезбедила поддршка од доволно голем број делегати од Демократската партија за да биде номинирана за официјалниот кандидат на својата партија на претстојните претседателски избори во САД во ноември, пренесува Гардијан. Таа ќе биде официјално номинирана за демократскиот кандидат за претседател на Демократската национална конвенција (ДНК) во август. „Кога ја […]

Демократи излегуваат со поддршка за Камала Харис, откако Бајден се откажа од претседателската трка

22 јули 2024

Проминентни членови на Демократската партија во САД излегоа со јавна поддршка за претседателската кампања на потпретседателката Камала Харис откако претседателот Џо Бајден соопшти дека тој нема да се кандидира за претседател на претстоечките избори во ноември и дека ја поддржува Харис, пренесуваат Би-би-си и Си-ен-би-си. Меѓу тие кои ја поддржа кампањата, официјално преименувана во „Харис […]

Камала Харис апелира за итно примирје во Газа, го критикува Израел за негување „хуманитарна катастрофа“

5 март 2024

Потпретседателка на САД Камала Харис апелираше за итно примирје во Газа и притоа излезе со една од најострите критики за Израел досега изјавена од политички лидер во САД, пренесува Гардијан. Харис го критикуваше Израел што не оневозможува да се достави хуманитарна помош во Газа. „Израелската влада мора да делува повеќе за да се зголеми протокот […]

Страна 1 од 2