Камала Харис не признала дека постои план за намалување на населението, туку направила лапсус

Во постот не е наведено дека станува збор за лапсус, туку тој шири дезинформации за некаков план за депопулација. Според тоа, можеме да кажеме дека на постот му недостига контекст

-

Потпретседателката на САД во своето обраќање говорела за намалување на загадувањето, но направила лапсус наместо pollution (загадување) , рекла population (население). Грешката на Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој е официјално објавен на веб-страницата на Белата куќа. Оваа нејзина грешка теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини дека постои некаков план за депопулација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој манипулира дека потпретседателката на САД, Камала Харис признала дека постои некаков план и агенда за депопулација на населението.

Камала Харис признава дека сакаат да ја намалат популацијата за да можат НИВНИТЕ деца да дишат чист воздух и да пијат чиста вода.
Повеќе не кријат дека имаат агенда за намалување на популацијата.
Постот споделува сегмент од обраќањето на Харис на 14 јули 2023 година во Балтимор, каде таа зборувала за борбата против климатските промени и градење чиста енергетска економија.

Во овој дел од својот говор потпретседателката на САД вели:

Кога инвестираме во чиста енергија и електрични возила и го намалуваме населението повеќе од нашите деца можат да дишат чист воздух и да пијат чиста вода. 

Точно е дека Харис рекла „го намалуваме населението“, но станува збор за грешка. Имено, таа не зборувала за намалување на населението, туку за намалување на загадувањето. Грешката која ја направила Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој официјално е објавен на веб-страницата на Белата куќа.

Фото: Принтскрин од обраќањето на Харис објавено на веб-страницата на Белата куќа

Од ова е очигледно дека таа наместо pollution (загадување) , рекла population (население).

Постот овој лапсус на Харис го злоупотребува за да шири невистини и лаги за некаква светска агенда за намалување на населението. Оваа теорија на заговор не е ништо ново и за неа Вистиномер досега има пишувано во неколку наврати.

Оваа теорија на заговор вообичаено се поврзува со Бил Гејтс и Обединетите нации, а се поврзуваше и со пандемијата на ковид-19.

Од сето ова можеме да заклучиме дека потпретседателката на САД не признала јавно дека постои некаков план за намалување на населението. Нејзината грешка во која таа наместо загадување вели население, теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини.

Во постот не е наведено дека станува збор за лапсус, туку тој шири дезинформации за некаков план за депопулација. Според тоа, можеме да кажеме дека на постот му недостига контекст, односно не е објаснето дека во говорот на Камила Харис е направена грешка.

 

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“...