среда, 18 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: депопулација | 11 резултати

Камала Харис не признала дека постои план за намалување на населението, туку направила лапсус

23 јули 2023

Потпретседателката на САД во своето обраќање говорела за намалување на загадувањето, но направила лапсус наместо pollution (загадување) , рекла population (население). Грешката на Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој е официјално објавен на веб-страницата на Белата куќа. Оваа нејзина грешка теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини […]

Насловна на „Тајм“ стара 10 години погрешно претставена дека пропагира депопулација

19 јуни 2023

Тајм магазинот на својата насловна страница од август 2013 година има прикажано наслов на текст, во чија содржина воопшто не се говори за „нова пропаганда во насока на депопулација каде живот без деца е идеален живот без обврски“. Дури и луѓето претставени во текстот иако немаат деца, имаат исклучиво многу обврски поврзани со кариерата и […]

Научничката Гудал не изјавила дека ѝ пречат 90 проценти од светското население

22 април 2023

Во постот е изваден од контекст фрагмент од говорот на научничката Џејн Гудал на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година. Гудал говори на панел дискусија за иднината на амазонските шуми. Фокусот на нејзината дискусија е на заштитата на шумите и на локалното население, а растот на популацијата само накусо е споменат. Никаде во […]

Не е точно дека после 2030 година луѓето ќе бидат присилно вакцинирани

12 ноември 2022

Не е вистина дека до 2030 година преку „присилна вакцинација“ ќе бидат воведени 500 вакцини, како што се тврди во постот. Дел од тие вакцини веќе постојт и само ќе бидат воведени во земји каде што не се сега достапни. Не значи ни дека секоја жена, маж и дете ќе ги примат, ниту пак, во […]

Емиграцијата, војната и падот на наталитетот довеле до историско опаѓање на населението на Русија

20 октомври 2022

Претседателот Владимир Путин со години се бореше против демографскиот часовник на Русија, само за да нареди инвазија на Украина што го води населението на неговата земја кон историски пад. Илјадниците жртви на бојното поле, приклучувањето на 300.000 резервисти во војната и бегството на мажите во странство ги попречуваат плановите на рускиот претседател да започне со […]

Не е точно дека ОН работат на депопулација на планетата

22 септември 2022

Наспроти тврдењата во постот, Обединетите нации воопшто не се обидуваат да ја намалат светската популација и во нивните заложби не се застапени политики за уништување, туку за спасување на животи. Глобалните заложби на ОН не се однесуваат на тоа да му се наштети на населението туку да се подобри животот во различни области кои се […]

Вистиномер: Изјави на Бил Гејтс извадени од контекст манипулативно се користат во антиваксерска кампања

12 јули 2022

Не е првпат Бил Гејтс и неговите настапи да се вадат од контекст, да се монтираат и да се злоупотребуваат за ширење на познатата теорија на заговор дека вакцинацијата е план за депопулација на светското население. Овие заблуди, што подолго време се шират низ интернет просторот, потекнуваат од ТЕД говорот на Гејтс во 2010 година, […]

Страна 1 од 1