Во постот е изваден од контекст фрагмент од говорот на научничката Џејн Гудал на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година. Гудал говори на панел дискусија за иднината на амазонските шуми. Фокусот на нејзината дискусија е на заштитата на шумите и на локалното население, а растот на популацијата само накусо е споменат. Никаде во нејзиниот говор не се споменува ниту депопулација, ниту дека ѝ пречат 90 проценти од моменталното светско население, ниту пак, кажува „одлично би било ако популацијата е како пред 500 години“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:
Џејн Гудол, научничка божем, со британски орден под перница, и смета 90% од моменталново светско население. Одлично би било ако бројноста на луѓе денес ни била како пред 500 години според неа.Арно ама, производството, потрошувачката, изумите, текнослогијата…развојот, удобноста што ја ужива безживотнава глупача би биле на многу пониско ниво од денешново исто така, а ние па и нашите пра внуци и било која идна генерација луѓе со бројност пута 100 од денес, би имале многу побогат живот и поскладен со природата доколку токму оваа и тие посакуваните 10% ги истребиме за навек, оти не ми изгледаат самоубиени.
Не можеме да се скриеме од растот на популацијата. Ги повлекува толку многу од другите проблеми. Сите овие работи за кои зборувавме не би биле проблем ако популацијата е со големина како што била пред 500 години.
Но, во ниеден случај таа не повикува на депопулација, ниту пак, кажува дека ѝ пречи 90 проценти од светската популација, ниту пак, кажува „одлично би било ако популацијата е како пред 500 години“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. Таа само кажува дека проблемите со кои денеска се соочуваат дождовните шуми не би постоеле ако популацијата е како пред 500 години.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овој пост се пропушта контекстот.