fbpx

Невреме со интензивен пороен дожд ќе има попладнево, предупредува УХМР

Во делови од скопската котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град

-

Управата за хидрометеоролошки работи, на својот профил на Фејсбук преупреди за локално невреме поладнево во делови од земјава. Како што оттаму појаснуваат, поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

„И во делови од скопската котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град. Исто така, поради многу топлото време, и денес ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од висока температура“, информираат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ќе се забрани вработувањето преку агенциите за привремени вработувања во јавниот сектор

Владата на Северна Македонија на 204-та седница на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) усвои пет закони за реформи во јавната администрација и дигиталната трансформација на...