fbpx

Камала Харис апелира за итно примирје во Газа, го критикува Израел за негување „хуманитарна катастрофа“

Потпретседателката на САД го критикуваше Израел што не креира услови за доставување на хуманитарна помош во Газа, но рече дека останува на Хамас да го прифатат договорот за шестнеделно примирје кој Израел

-

Потпретседателка на САД Камала Харис апелираше за итно примирје во Газа и притоа излезе со една од најострите критики за Израел досега изјавена од политички лидер во САД, пренесува Гардијан.

Харис го критикуваше Израел што не оневозможува да се достави хуманитарна помош во Газа.

„Израелската влада мора да делува повеќе за да се зголеми протокот на хуманитарна помош, нема изговори. Таа мора да отвори нови гранични премини. Не смее да усвојува нови непотребни ограничувања на доставувањето на хуманитарна помош и мора да се осигурат дека хуманитарни работници и возила нема да се таргетирани. Дополнително, Израел мора да работи на тоа да се вратат во употреба основните услуги во Газа, за да може повеќе храна, вода и гориво да стигне до тие на кои им треба“, изјави Харис.

Харис посочи дека САД овој викенд првпат достави хуманитарна помош по воздушен пат, токму поради тешкотиите на камионите кои се обидувале да внесуваат хуманитарна помош во регионот. Дополнително, потпретседателката најави оти САД подготвува да отвори нова водна линија по која ќе може да се доставува помош во регионот.

Харис исто така го нагласи застрашувачкиот случај изминатата недела кога членови на израелските одбранбени сили пукаа во Палестинци во северот на Газа кои се обидуваа да стигнат до камион кој беше полн со хуманитарна помош. Повеќе од сто луѓе биле убиени. Израел врши истрага на инцидентот и тврди дека само неколку Палестинци биле убиени од израелските сили, кои претставувале сериозна закана за нив. Во израелската истрага се тврди дека останатите умреле при стампедото кое се создало.

Сепак, Харис го критикуваше и Хамас и нагласи дека се чека на нив да го прифатат сегашниот договор за примирје, кој е воглавно прифатен од Израел.

„Хамас тврди дека сака примирје. Епа има договор на маса. И како што рековме, Хамас треба да се согласи со тој договор. Да ги обединиме заложниците со нивните семејства и да му олесниме на народот во Газа“, вели Харис.

Делегација на Хамас во неделата присуствувала на преговори за примирје во Доха, главниот град на Катар. САД тврдат дека договорот е речиси подготвен и планира да започне примирје на почетокот на Рамазан, односно на 11 март.

Покрај тврдењата на САД, Израел сè уште нема официјално потврдено дека го прифаќа сегашниот договор за примирје. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху стои зад ставот дека нема да прифати повлекување на израелски војници од Газа сè додека не се ослободат сите израелски заложници заробени од Хамас на 7 октомври.

Дополнително, се потврди дека расположението за соработка и преговори не е на највисоко ниво во Израел откако се дозна дека Нетанјаху наводно бил револтиран бидејќи популарниот крајнодесничарски политичар Бени Ганц, министер без ресор и поранешен министер за одбрана, се сретнал со функционери во Вашингтон без претходно да се консултира со него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...