fbpx

Изменето видео лажно прикажува дека Бајден бил исвиркан за време на говорот на Обама

-

Постот и видеото коишто се споделуваат на Фејсбук се со изменета содржина (altered video). Во ниту еден момент од видеото, Обама не е ниту лут, ниту пак е вистина изнесеното во постот, дека не успеал да ја контролира толпата присутна на неговиот говор. Аудио делот во позадина на видеото е измонтиран, односно додаден, за да се добие лажна слика дека голем број граѓани со вулгарни зборови го исвиркале Бајден додека Обама зборувал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е објавено видео, на кое навидум се слуша дека група на присутни граѓани гласно извикуваат додека поранешниот претседател на САД, Барак Обама држи говор. Зборовите кои се слушаат во позадина на видеото и коишто изгледаат како да се дел од него, односно од настанот на кој зборува поранешниот американски претседател, се вулгарни и се однесуваат на сегашниот американски претседател Џо Бајден.

И Обама веќе не може да го контролира освестениот народ, се вели во описот на ова видео во постот што го рецензираме.

Меѓутоа, видеото е изменето. односно додаден е делот со вулгарностите во позадина, кои воопшто не биле изречени за време на овој настан. Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во саботата на 29 октомври 2022 година, одржа говор во Детроит Мичиген. Но видеото од овој говор е видоизменето и додадено и намонтирано е гласното извикување, за да се добие лажен впечаток дека присутните биле гласни, дека го прекинувале Обама, дека биле неконтролабилни. Всушност, само едно лице го прекинало екс-американскиот претседател во говорот, и не на начин којшто е претставен во видеото (не со вулгарности), туку само со обид да каже нешто, кое воопшто не е презентирано на оригиналната снимка од настанот.

Комичарот Теренс К. Вилијамс прв ја прошири дезинформацијата дека Обама бил прекинат со вулгарности кои се однесуваат на Џо Бајден. Твитот е избришан, но архивиран од проверувачите на факти на Лид Сторис.

На следниот линк може да се погледне неизменет и оригинален дел од прекинувањето на Обама од страна на присутен граѓанин во публиката.

Њујорк Тајмс објави во каков контекст се случило она што се гледа на оригиналното видео, во напис со наслов: „Барак Обама зборуваше за нападот на Пол Пелоси, а потоа некој му довикна“.

Њујорк Тајмс опишувајќи го настанот наведува:

Во првиот инцидент, околу 10 минути откако Обама ја зазема сцената, маж во публиката му викна додека зборуваше за нападот над сопругот на Ненси Пелоси, Пол Пелоси, како и за растот на насилничката политичка реторика.

„Имаме политичари кои работат за да создадат раздор и да се обидат да нѐ направат лути и исплашени еден од друг, за своја корист. Некогаш тоа може да биде опасно“, рече Обама.

Моменти подоцна, мажот кој не е идентификуван, извика „Господине претседателе“ на Обама, по што следуваше размена на зборови која не беше според сценариото коешто поранешниот претседател се обиде да го искористи за да поентира. Останатиот дел од она што го кажа човекот, не беше регистрирано на камера или микрофон, пишува Њујорк Тајмс.

„Тоа е тоа што го мислам. Сега јас зборувам. Некогаш другпат ќе имате шанса вие да зборувате“, рече Обама, а пренесува весникот.

Во ниту еден момент од видеото, Обама не е ниту лут, ниту пак, е вистина изнесеното во постот што го рецензираме, дека не успеал да ја контролира толпата присутни на неговиот говор. Аудио делот во позадина на видеото е измонтиран, односно додаден, за да се добие лажна слика дека голем број граѓани со вулгарни зборови го исвиркале Бајден додека Обама зборувал, што е невистина.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како пост во којшто е изменета содржината (altered video).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...