Таг: судство
таг: судство
Антикорупциски реформи: Напредок е забележан единствено кај ДКСK и во работата на граѓанските организации
Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година.
Ова е главниот наод на истражувањето што во рамките на...
Истражување на „Метаморфозис“: Реформите во правосудството на половина пат помеѓу законите и праксата
Реформите во правосудството се на ниво во кое законската рамка е речиси целосно заокружена, при што ЕУ изразува задоволството од степенот на промените, партиите се со целосно спротивставени ставови, но исто и дел од експертите, кои се поделени за одредени решенија.
Ова се главните наоди на истражувањето на оваа тема што го спроведе Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на регионалниот проект...
Дирк Јан Коп: Важен фокус во моментот е организирањето слободни и фер избори
Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп вели дека новата методологија треба да им ја олесни работата на оние што се вистински посветени на реформскиот процес, а ќе им биде потешко на оние што не се.
Тој во интервју за „Порталб.мк“ исто така вели дека одлуката на Холандија за започнување на пристапните преговори ќе зависи од целокупниот напредок постигнат...
Судството добива двојно помалку средства отколку што е предвидено со закон (инфографик)
Судската власт, како еден од трите независни столба на власта во едно демократско општество, покрај извршната (владата) и законодавната (собранието), треба да има финансиска самостојност за да може да работи ефикасно и целосно независно.
Износот на средствата кои македонското судство ги добива при распределбата на државниот буџет од страна на извршната власт е повеќе од двојно понизок од она што...
Наодите од проектот „ACTION SEE“ дел од истражувањето „Отвореност на судството“
Денеска беше промовирана правната анализа на тема „Отвореност на судството во Република Северна Македонија“, на Центарот за правни истражувања и анализи, во соработка со иницијативата за Отворено владино партнерство, во рамки на програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија”, финансирана од Британската амбасада Скопје.
Целта на анализата е да изврши проценка на отвореноста на...
Добро екипирана јавнообвинителска служба е предуслов за независно и ефикасно јавно обвинителство (инфографик)
Јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија не може да функционира ефикасно и независно без добро екипирана, професионална и компетентна јавнообвинителска служба. Оваа служба, според закон, треба да ја сочинуваат стручни службеници, потоа истражители за криминални дејствија, и технички и помошен кадар.
Функционалната анализа на јавнообвинителскиот систем на Република Северна Македонија изработена како дел од проектот „Зголемена ефикасност и ефективност во...
Спасовски – Тимоние: Владата ќе се фокусира на обезбедување услови за фер избори и на продолжување на реформите
Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние при што било изразено надеж дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори, како и очекување дека ќе продолжат реформските процеси со активно темпо.
„Владата ќе работи динамично. Посветени сме да продолжи напредокот во сите можни сегменти. Нашата определба се функционални институции, активно вклучени во...
Дескоска: Ветингот во правосудството ќе се спроведе по изборите
Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа, како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска пред почетокот на дијалогот за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“, одговарајќи на новинарско...
Контраспин: Русковска нема право на разочараност, Апелација да се преиспита што му фали на судството
Русковска, ниту кој било друг обвинител нема право да биде во афектна состојба на разочараност. Од друга страна, тврдењето на апелациските судии дека токму таквата смс порака на Рускоска е таа што ја спречува земјата на патот кон ЕУ, е сè, само не е вистина. Судиите нека се преиспитаат зошто и јавноста и голем дел од политиката се залага...
Заев: Ветинг во судството по парламентарните избори
Процесот на ветинг во судството ќе биде разгледан по предвремените парламентарни избори на 12 април, пишува „Порталб.мк“.
-Ветингот во судството е постапка што најверојано ќе започне веднаш по парламентарните избори. Со одлуката за парламентарни избори се менува просторот, и ќе имаме техничка влада, која, според законот, не смее да се занимава со организирање и поддршка на вакви постапки - одговори...
Судовите во Македонија се затворени за јавноста, не ги исполнуваат условите за транспарентност (инфографик)
Три години по ред судовите во Македонија покажуваат слаби резултати во областа на отвореноста на институциите, односно тие се затворени, исто како и судовите на државите од регионот, покажува истражувањето на проектот „ACTION SEE“ коешто го измерило нивото на отвореност на институциите за 2018 година.
„Нивото на отвореност на судовите во Северна Македонија за 2018 година е само 43 отсто....
Може ли Специјалниот суд да го покрие неуспехот на СЈО?
Доцна е во Македонија да се формира Специјален суд. Неуспехот на Специјалното јавно обвинителство ја продлабочи недовербата на граѓаните во судскиот систем, која може да се врати само преку реформи на институциите, првично на правосудството, но и со почеток на преговорите со Европската унија.
Ова го велат за „Порталб.мк “ правниот експерт Насер Зибери и експертот за политички прашања Петар Арсовски,...
Само 38 отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството (инфографик)
Само 38 отсто од граѓаните во земјава веруваат во правосудниот систем, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува „Порталб“.
Прашани колку доверба имаат во судството, само четири отсто од испитаниците во Северна Македонија и девет отсто од испитаниците во ЕУ рекле дека имаат целосна доверба, додека со „донекаде имам доверба“ одговориле 34 отсто од жителите на земјава и 41...
Опозицијата е скептична дека власта може да спроведе ветинг на судиите и обвинителите
Партиите од опозицијата се скептични дека со сегашната Влада може да се спроведе ветинг или проверка на работата на судиите и обвинителите, објави „Порталб.мк“.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, смета дека е неопходно да се спроведе контрола на судиите и обвинителите, а за начинот како да се организира тоа, се уште не е дискутирано во партијата, но според нив, со оваа влада судството...
Сеедно дали ќе се вика ветинг или реизбор – Македонија мора да ги реоцени судиите
По усвојувањето на реформските закони, Македонија треба да спроведе проценка или ветинг за работата на судиите и обвинителите, со цел да ги исчисти судовите на оние кои работат со политички влијанија и да ја вратат довербата на граѓаните во судството. Ова е оценката на правниот експерт Насер Зибери и претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП), Маргарита Цаца-Николовска, пишува...
Ветуваа реформи „до небо“, а правдата уште ја делат истите судии
Последните настани со судството во Северна Македонија, при што беа помилувани и ослободени од гонење функционери обвинети за тешки кривични дела, меѓународниот притисок за реформа на судството, и како резултат на тоа што не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни, влијаеше граѓаните да го вперат прстот кон Владата дека не ги исполнила ветувањата – дека...
Се очекува усвојувањето на клучните закони да донесе позитивен извештај од Брисел
Две недели пред објавувањето на извештајот од Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава, невладините организации кои ги следат реформите во судството се оптимисти дека Северна Македонија ќе добие позитивен извештај, односно препорака за отворање на преговори за зачленување во ЕУ, пишува „Порталб“.
Маргарита Цаца - Николовска од Институтот за човекови права (ИЧП) вели дека земјава има напредок во областа...
Истражувањe: Антикорупцијата и компромисите – невозможна мисија
Изградба на целосен систем за интегритет на централно и локално ниво; заострување на прекршочната политика во основниот антикорупциски закон и дополнување на постојниот закон за заштита на укажувачите се само дел од препораките кои произлегоа како заклучоци во истражувањето што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ на тема Антикорупција и борба со организиран криминал.
Оваа област можеби е...
Истражување: Нема реформа на правосудството без политичка волја
Мора да има политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата.
Ова е најважната препорака од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“, во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите...
Бејли: Длабоко сум вознемирен од лажните гласини дека САД влијае на судството
Кривичниот суд го објави писмото на американскиот амбасадор Џес Бејли до претседателот на Судот, Иван Џолев, во врска со како што вели, „постојаните, лажни гласини со наводи дека Амбасадата на САД има за цел да влијае на судии“.
Тој вели дека каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница, е лажна.
„Длабоко сум вознемирен од ваквите постојани...