fbpx

ССНМ: Медиумите да преземат превентивни мерки за заштита при работа на медиумските работници на високи температури

Ова посебно се однесува на новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, посебно на оние новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено.

„Земјава според УХМР е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза, која носи опасност од влошени временски услови кои носат значителен ризик по здравјето на луѓето, и може да предизвикаат опасност и несреќи“, велат од ССНМ и додаваат:

„Новинарите и медиумските работници по службена должност мора секогаш да се на терен и да известуваат при секакви временски услови и токму затоа треба да се внимава и соодветно на условите, да се постапува при извршување на работните задачи. Сето тоа со цел да го заштитат своето здравје, а истовремено да им овозможат правовремена и објективна информација на граѓаните“.

ССНМ укажува дека во овие временски услови најдобро е да се почитуваат препораките и советите Институт за јавно здравје за справување со топлото време, и новинарите и медиумските работници да не бидат изложувани на непотребен ризик по здравјето при извршувањето на своите обврски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...