Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

-

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад во Собранието. Тој посочи дека зад протестите на „За заедничка Македонија“ стоела ВМРО-ДПМНЕ.

Сведокот Михаил Младеновски во судницата раскажа дека протестите биле организирани за да не се дозволи тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ да ја изгуби власта. Тој посведочи дека од УБК добил задача да ги известува за излезноста на протестите, мотивите на демонстрантите и нивната возраст.

Денеска сведочеше и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски. Тој сведочеше дека поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски можел да го спречи упадот на 27 април, доколку Вељановски побарал од службите да го исклучат микрофонот од собраниската говорница. На тој начин, немало да може да се пее македонската и албанската химна во собраниската сала, која доведе до ескалација на настаните на 27 април.

Обвинителката Вилма Русковска по рочиштето изјави дека сведочењето на Михаил Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

Наспроти ова, адвокатите на обвинетите во случајот се обидоа да му противречат на сведокот Коцевски, за кој тие тврдеа дека е несериозно да го толкува деловникот како дипломиран педагог. Адвокатите изјавија дека до 2017 година самиот компјутерски центар можел да го исклучи микрофонот, а не спикерот Вељаноски.

Во судскиот процес за организација на упадот во Собранието на 27 април се обвинети поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, екс министрите Спиро Ристоски и Миле Јанакиески, како и тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Наредното сведочење ќе се одржи за два дена, кога ќе сведочи техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...