fbpx

Пресуда за уривањето на „Космос“: Никола Груевски доби девет години казна затвор, Јанакиески три

-

Основниот кривичен суд-Скопје денеска ги објави пресудите во случајот „ТНТ“, којшто се однесува за рушењето на станбениот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судот ги прогласи за виновни обвинетите, при што поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години казна затвор. Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на три години затворска казна.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски е прогласен за виновен и е осуден на четири години казна затвор, а идентична пресуда доби и инспекторката Елисавета Најдовска.

Инаку, судскито процес за рушењето на „Космос“ започна на 24 јануари 2018 година поради злоупотреби на службената положба. Според обвинителниот акт, осудените лица во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...