fbpx

Судење за „27 април“: Јанакиески бара полиграф, Ристовски не комуницирал со Нинџа, Атанасовски не знае зошто е обвинет

-

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Изјави дадоа поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски.

Миле Јанакиески побара да сведочи пред полиграф за да ја увери јавноста дека тој не е виновен за „крвавиот четврток“. Тој додаде дека не го познава Александар Василевски-Нинџа и дека првпат го видел во судската сала.

„Дека Нинџа не ја говори вистината во овој изминат период сведочеа голем број на авторитети меѓу кои и актуелен и поранешен претседател на Влада, актуелен лидер на опозицијата, поранешен претседател на државата, голем број на пратеници и функционери но и самото мислење од техничкиот советник кој е доктор на науки го потврди истото“, изјави Јанакиески.

Поранешниот министер Спиро Ристовски во своето излагање пред судот рече дека дека никогаш не комуницирал со Нинџа, ниту пак го видел, а ниту го повикал во штабот на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Екс директорот на УБК Атанасовски во своја одбрана денеска рече дека не може да разбере за што е обвинет.

„УБК постапуваше согласно законската регулатива. Активностите се состоеја во оперативни сознанија и решенија на Врховниот суд на РСМ. Спротивно на закон не сум издал никаква наредба. За секое непрофeсионално постапување на вработените во УБК сум преземал мерки“, рече тој.

Владимир Атанасовски во судница рече дека на критичниот ден на 27 април имал нормални активности и целиот работен ден бил во канцеларија. Тој додаде дека жали за настанот и дека недопустливо е на ваков начин да се влезе во Законодавниот дом. Атанасовски рече дека како директор на УБК го брифирал Агим Нухиу дека може да дојде до насилен упад во Собранието.

Во овој судски случај обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” во однос на упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...