fbpx

Дваесет и пет години затвор за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април

-

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор.

Највисока казна против организаторите на упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година доби поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој е осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристовски се осудени на шест години и три месеци. Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасов е осуден на шест години затвор.

Обвинителството предложи изрекување мерка притвор за обвинетите.

На 27 март, 2018 година, Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија на 27 април кога беше извршен упад во Собранието и беа нападнати пратеници, новинари и собраниски службеници.

Од вкупно 35 осомничени, обвинението е поднесено против 30 лица, од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело.

Според обвинението, обвинетите го загрозиле животот на пратениците, новинарите и на вработените кои во тој момент биле во законодавниот дом.

Во овој предмет беа обвинети уште две лица – поранешниот премиер Никола Груевски и оперативецот од УБК, Никола Бошковски. Бидејќи тие не се достапни за правдата, против нив не се водеше постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...