fbpx
Таг: Миле Јанакиески

таг: Миле Јанакиески

Јанакиески: Десет пати барав СЈО да ми ги даде прислушуваните разговори

Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО, рече обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“, објави „Фокус“. - Одговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот...

Продолжува судењето на Јанакиески за „Сончев Град

Ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен  „Топлик“ во кој се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште, за комплексот „Сончев Град“ треба да се одржи денеска во Основен суд Скопје 1. Јанакиески, според обвинението од СЈО, како раководно лице во Министерството за...

„Шпион“ и „Шамарите во Општина Центар“ денеска повторно во Кривичен суд

Во Основен суд Скопје 1, денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Шпион” и „Насилство во Општина Центар”. Минатото рочиште за „Шпион” беше одложено поради отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Овој случај, кој е од 2013 година, СЈО го презеде минатата година од Јавното обвинителство. Обвинети се се 18 лица за...

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една телевизија дека во снимените аудио...

Канческа-Милевска: Илија ме нервира, не можам органски да го поднесам

Со преслушување на пет телефонски разговори во присуство на јавноста, Кривичниот ја продолжи работата по предметот „Тендери“. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 година меѓу Канческа-Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи...

„ТНТ“ одложен за 4 мај, се уште нема одлука од Врховен суд за изземање на судиите

Во Кривичниот суд во Скопје за 4 мај се одложи новото рочиште од предметот на СЈО „ТНТ“, бидејќи, како што рече судијата Огнен Ставрев, се уште нема одлука за изземање на судиите, побарано од одбраната на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски. Одбраната на минатото рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и...

Во новата зграда на Кривичен суд почна првото рочиште за „Титаник“

Во новата зграда на Основен суд Скопје 1 пристигнаа обвинетите во случајот на СЈО „Титаник“, во кој, на поранешни високи државни и функционери на ВМРО-ДПМНЕ им се суди за изборни нерегуларности и влијание врз волјата на гласачите. Со денешното рочиште почнува да функционира новата зграда на Кривичниот суд. Прв од обвинетите пристигна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, а потоа и...

Латас и Јанакиески денеска на судења за „Тотал“ и „Топлик“

Во Основниот суд денеска треба да се одржат две рочишта од случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тоа се предметите „Топлик“ и „Тотал“, во кои обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот главен уредник на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ - Латас. Минатото рочиште за  „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот...

СЈО почна истрага против Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отвора три нови истраги, и тоа „Попис“, „Моќник“ и „Актор“, во кои се сомничат Никола Груевски, Али Ахмети, Антонио Милошоски и повеќе лица од „Актор“ - компанијата која го градеше автопатот Демир Капија - Смоквица. Како што објави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, во случајот „Попис“ се почнува истрага против тогашниот премиер и претседател на...

Судења за „Траекторија“ и „Триста“ во скопскиот Кривичен суд денеска

Во Основен суд Скопје 1 (Кривичен суд) денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречени „Траекторија“ и „Триста“. На рочиштето за „Траекторија“, за договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт...

Адвокатот на Груевски тврди дека ќе имало кривично дело ако не се срушел „Космос“

Ниту Никола Груевски, ниту Миле Јанакиески како ни Елисавета Најдовска и Насер Ралев кои ги застапувам не го извршиле кривичното дело кое им се става на товар. Ова на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ го кажа адвокатот Димитар Дангов. - Груевски ниту самостојно, ниту во договор со Јанакиески не го поттикнале Тони Трајковски незаконски да го сруши објектот „Космос“. Одбраната...

СЈО бара притвор за обвинет во „Шамарите“ бидејќи три пати не дошол на судење

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, кога слушна денеска дека обвинетиот Милан Андоновски во случајот „Шамари“ за насилство во Општина Центар, по третпат не доаѓа на судење, побара мерка притвор против него, објави „СДК“. Претходните двапати не го оправдал отсуството, а денеска неговиот адвокат поднесе доказ од приватна лекарска ординација, која наведува дека имал ларингит и му препорачува да нема физичка...

Судењето за „Топлик“ одложено поради болест на еден од обвинетите

Кривичниот суд денеска го одложи судењето за случајот на СЈО „Топлик“ поради отсуство на обвинетиот Димитар Димовски. Адвокатот на обвинетиот Димовски до судот достави медицинска документација и нагласи дека утрово неговиот клиент поради нарушена здравствена состојба завршил во болница. Судијата Осман Шабани истакна дека во медицинската документација која е доставена до судот стои дека обвинетиот има препишана терапија за дома....

Груевски, Јанакиески и Пешевски се изјаснија за невини во случајот „Траекторија“

Кривичниот суд го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски „бомбите“ да не бидат докази во случајот со провизии од кинеските автопатишта со што започнаа воведните говори во случајот на СЈО „Траекторија“. Во судницата покрај Груевски присутни се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо...

Продолжува судењето на Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски за „Траекторија“

Во скопскиот Кривичен суд (Основен суд Скопје 1) денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012...

Судот ги одби барањата на адвокатите во „Траекторија“, тие поднесоа нови

Денешното рочиште за случајот „Траекторија“ мина главно во знакот на предлозите на адвокатите на обвинетите, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Пред почетокот на денешната главна расправа, судијата Горан Бошевски соопшти дека судот ги одбива како неосновани десетината предлози на адвокатите...

Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски денеска во Кривичен суд за „Траекторија“

Во скопскиот Кривичен суд, денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година во постапката...

„Титаник“: Груевски, Јанкулоска и Јанакиески на суд и за изборни злоупотреби

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески наскоро ќе седнат на обвинителна клупа за случајот „Титаник“. Од Кривичниот суд денеска соопштија дека Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство во целост. Првото рочиште сè уште не се закажано,...

Одбраната на Јанакиески бара изземање на вештакот во „Топлик“, оти имал ќерка во СЈО

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој е осомничен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бара да се изземе вештачењето на СЈО од доказите, бидејќи ќерката на вештакот работела во СЈО. Адвокатот, Јаким Наумов, рече дека поради оваа околност, постои конфликт на интереси помеѓу вештакот и СЈО. Одбраната тврди дека вештачењето е...

Цаноски бара отштета од 55 милиони евра за урнатиот „Космос“

Бизнисменот Фијат Цаноски по завршувањето на првото рочиште од судењето за случајот „ТНТ“ денеска изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „и нанеле голема штета на Македонија" да бидат осудени. Во процесот за уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...