Одбраната на обвинетите за 27 април тврди дека немале комуникација за да го загрозат уставниот поредок

-

Oдбраната во случајот „27 април”, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, денеска на судското рочиште истакна дека обвинетите за организацијата на 27 април ниту имале комуникација меѓу себе ниту во дејствијата за кои ги гони обвинителството има насилство за да може да одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„Првиот и основен дел не е исполнет за да може да се тврди дека некој од овде обвинетите го сторил ова кривично дело. Истата оваа одредба од член 313 од Кривичниот законик ги предвидува и дејствијата со кои некој можел да го загрози уставниот поредок, па како дејствија се наведуваат: предизвикување или закана со експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие,“ рече адвокатот Еленко Миланов.

Тој додаде дека Вељаноски воопшто немал комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски и со Никола Бошкоски.

„Во целиот овој период, она што како суд можевте да го видите е дека беа извадени 30 илјади пораки од бројот на Трајко. Ниедна комуникација нема со овие со кои наводно создал план за ваква тешка правна квалификација. Вељаноски и Јанакиески во овој клучен период немаат никаква комуникација. Ниту од доказите на обвинителството, ниту во доказите од обраната не се покажа дека има ваква комуникација,” рече Миланов.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...