Премиерот Спасовски сведочеше за настаните поврзани со упадот во Собранието на 27 април

-

Премиерот Оливер Спасовски денеска по втор пат сведочеше за случувањата поврзани со упадот во Собранието на 27 април 2017 година во судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“. Актуелниот премиер Спасовски во судницата се соочи со поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој е еден од обвинетите во судскиот случај.

Спасовски сведочеше дека на 27 април дал предлог и побарал пратениците да преминат на разгледување на следната точка од дневниот ред, која што се однесувала на изборот на Претседател на Собранието. За ова имал поддршка од над 10 пратеници. Во ваков случај, изјави Спасовски, собранискиот спикер според деловникот морал да го стави таквиот предлог на гласање. Оливер Спасовски изјави дека тогашниот спикер Вељаноски не прифатил промена на дневниот ред.

За разлика од претходното сведочење на актуелниот технички премиер во судскиот процес за извршителите на упадот во Собранието, исказот на Спасовски денеска беше пократок.

На денешното рочиште сведочеше и Антонио Кочков, кој изјави дека 10-15 пати учествувал на протестите организирани од здружението „За заедничка Македонија“. Тој изјави дека не бил присутен во моментот кога се случил упадот во Собранието, но подоцна дошол во собраниската зграда. Кочков изјави дека преку комуникација на „Вибер“, членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ добивале насоки за протестите на здружението „За заедничка Македонија“.

На поставеното прашање кој ги давал насоките, сведокот изјави дека не бил во повисоките кругови за да знае за кого се работи. Кочков појасни дека не знае дали ВМРО-ДПМНЕ ги организирала протестите, но знае дека партијата јавно ги поддржувала истите.

Во судскиот процес за организација на упадот во Собранието на 27 април се обвинети поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, екс министрите Спиро Ристоски и Миле Јанакиески, како и тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Од МВР соопштуваат дека во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец, во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки,...