среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Собрание 27 април | 22 резултати

Пет години од „крвавиот четврток“: наместо мирен трансфер на власта, обид да се воспостави целосна диктатура

27 април 2022

Денеска се навршуваат пет години од „крвавиот четврток“ или упадот во Собранието на 27 април 2017 година кога група на луѓе вклучувајќи и членови на безбедносните структури го нападнаа законодавниот дом во организација на раководството на тогаш сè уште владејачката ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да спречат мирен трансфер на власта. Тоа беше обид за воспоставување на целосна […]

Одбраната на обвинетите за 27 април тврди дека немале комуникација за да го загрозат уставниот поредок

6 јули 2021

Oдбраната во случајот „27 април”, каде обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, денеска на судското рочиште истакна дека обвинетите за организацијата на 27 април ниту имале комуникација меѓу себе ниту во дејствијата за кои ги гони обвинителството има насилство за […]

Русковска на судењето за „27 април“: Обвинетите правеле план за спречување на мирното предавање на власта

1 јули 2021

Обвинителката Вилма Русковска денеска во скопскиот Кривичен суд ги даде завршните зборови на судскиот процес што се води против организаторите на упадот во Собранието и насилните сцени од 27 април 2017 година. Русковска достави изменето обвинение за Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, за што реагираше и одбраната на обвинетите. […]

Судење за „27 април“: Јанакиески бара полиграф, Ристовски не комуницирал со Нинџа, Атанасовски не знае зошто е обвинет

28 мај 2021

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Изјави дадоа поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Миле Јанакиески побара да сведочи пред полиграф […]

Мицкоски и Пендаровски на различен колосек по вчерашната средба за настаните за 27 април

8 мај 2021

Кој што кажал внатре на средбата и надвор пред телевизиските камери, причина за денешните реакции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски. Упадот во Собранието на 27 април 2017 година и казните за осудените лица остануваат централна точка на расправа меѓу нив. Мицкоски во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, […]

Се појави снимка на Јутјуб на која се зборува за ликвидација на Заев, објавувачот тврди дека разговараат Ќосето и Јане Ченто

28 април 2021

На Јутјуб каналот под името „Кулата мала“, денеска е објавена аудио-снимка насловена „Јане Ченто и Горан Ќосето спремаат ликвидација на Заев и семејство, од 25 04 2021“. Шестминутната снимка со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев била доставена и на мејл до порталот „А1он.мк“, во кој се тврди дека на снимката муабетат Јане Ченто […]

Заев апелира настаните од 27 април во Собранието да не се повторат, Мицкоски вели имало неправедно осудени

27 април 2021

Да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот, рече премиерот Зоран Заев по повод четири години од настаните во Собранието на 27 април. „Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска го слават насилството и режимот, бранат насилници од 27 април

25 април 2021

Од владејачката партија СДСМ реагираат на денешниот протест, на кој опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и неколку други помали политички партии и организации од дијаспората побараа ослободување на осудените лица за крвавиот „27-ми април“. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски […]

Со пеење патриотски песни и скандирања, се одржа протестот за осудените за крвавиот „27-ми април“

25 април 2021

Неколку илјади лица денеска го одржаа протестот на кој се побара ослободување за осудените лица за упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. Тие пееја патриотски песни, скандираа против власта и не ја одржуваа неопходната дистанца од два метри, а дел од присутните граѓани и не носеа заштитни маски против ковид-19. […]

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

11 декември 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на тоа што Основниот граѓански суд во Скопје донесе пресуди со кои се одбиваат тужбените барања на новинарката Наташа Стојановска и Душица Мрѓа, кои бараа повреда на нивните права и штета од државата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија. „Оваа пресуда […]

Судот ја одби тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата за „крвавиот четврток“

11 декември 2020

Основниот суд Скопје 2 вчера ја одбил тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата поради повреда на правото на слобода на изразување за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Судот пресудил во корист на државата, а образложението за пресудата за „крвавиот четврток“ дополнително ќе ѝ биде доставено на новинарката во писмена форма, напиша […]

Новинари ја тужат државата што не ги казни насилниците од 27 април

2 јуни 2020

Кон крајот на април тројца новинари – Наташа Стојановска, Душица Мрѓа и Горан Трпеноски, жртви на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, поднесоа приватна тужба против државата поради повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета. Тужбата е поднесена во знак на незадоволство од Основното јавно обвинителство […]

Премиерот Спасовски сведочеше за настаните поврзани со упадот во Собранието на 27 април

13 мај 2020

Премиерот Оливер Спасовски денеска по втор пат сведочеше за случувањата поврзани со упадот во Собранието на 27 април 2017 година во судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“. Актуелниот премиер Спасовски во судницата се соочи со поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој е еден од обвинетите во судскиот случај. Спасовски сведочеше дека на 27 април […]

Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

11 мај 2020

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад […]

Новинарите ќе покренат приватни тужби ако државата не ги санкционира напаѓачите од 27 април

25 декември 2019

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ги промовираше двете публикации „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ и „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април“, со кои сакаат повторно да ја актуелизираат лошата состојба со неказнивоста на напаѓачите на медиумските работници во земјава. Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, вели дека Здружението нема да […]

Чавков: Ова е апсурден процес што е дамка на македонското правосудство

11 јануари 2018

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, тврди дека со материјални докази ќе потврди дека раководел со акцијата за смирување на состојбата во Собранието по насилствата на 27 април минатата година и дал клучен придонес. Тој го нарече случајот против него темна дамка за македонскиот кривично-правен систем. На денешното разгледување на неговата жалба […]

Обвинителството бара да се укине притворот на актерот Владо Јовановски

10 јануари 2018

Претставникот на Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски до Советот кој во Апелациски суд – Скопје денеска ја разгледуваше жалбата за притворот за актерот Владо Јовановски поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, побара актерот да биде пуштен од притвор и да му се изрече поблага мерка за обезбедување присуство. Според Цветановски, Советот на […]

ВМРО-ДПМЕ: Судот има единствена шанса да одолее на притисоците

9 јануари 2018

Судот има единствена шанса да застане на страна на правдата и законот и да им сврти грб на притисокот и политички конструираните обвиненија. Судот има можност водејќи се по словото на законот да стави крај на оваа конструкција со која недолжни граѓани се обвинуваат за тероризам и да застане на страната на правдата, порача ВМРО-ДПМНЕ […]

Страна 1 од 1