петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: судско рочиште | 19 резултати

Ново судско рочиште за трагедијата во тетовската модуларна болница

април 6, 2023

За денеска е закажано ново судско рочиште за случајот во кој изгоре модуларната болница за ковид во Тетово, а во кој загинаа 14 луѓе. Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите. На последното рочиште беа сослушани две медицински сестри и универзитетските професори кои изработиле вешт наод […]

Судскиот процес за трагедијата кај Ласкарци започна од почеток

јануари 24, 2023

Супервештачењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци стаса на судско рочиште по повеќе од една година, но супервештаците кои требаше да го образложат, не дојдоа во судница. Судскиот процес за овој случај денеска започна од почеток, а роднини на загинатите се сомневаат дека процесот оди во насока да се заборави случајот. „Супервештачењето го чекавме повеќе […]

Судот одлучи три стана во „Панорама Резиденс“ да замрзне во случајот „Плацовите на Водно“

април 4, 2022

На барање на обвинителот што го води случајот, Основниот кривичен Суд во Скопје денеска одлучи да го замрзне имотот – трите стана на фирмата „СС Инвестмент“ во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно. На денешното судско рочиште за случајот „Плацовите на Водно“, судот одлучи да го замрзне имотот, бидејќи бизнисменот Орце Камчев претходно изјави дека овие […]

Почна судењето за лажните пасоши, дел од обвинетите признаа вина

мај 5, 2021

Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна првото рочиште од судскиот процес за издавањето фалсификувани пасоши, во кој се опфатени вработени во МВР и еден посредник. Петмина од нив во судницата се изјаснија за виновни, а една обвинета, којашто отсуствуваше на судењето, преку својот адвокат исто така ја призна вината. Други петмина обвинети, пак, се […]

Тројца од протестантите за „Монструм“ што вршеа насилство на 26 февруари добија по една година затвор

март 19, 2021

Три лица што беа обвинети за насилство за време на протестот против пресудата за „Монструм“ на 26 февруари годинава добија затворски казни од по една година. Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Касили од скопскиот суд беа осудени уште на првото судско рочиште, откако тие го признаа кривичното дело. Основното јавно обвинителство од Скопје гони […]

Почна судскиот процес во кој премиерот Зоран Заев го тужи Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ за клевета

февруари 12, 2021

Во скопскиот суд денеска почна судскиот процес по тужбата за клевета што ја поднесе премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тужбата следува откако Николовски ја дал изјавата дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот Рекет“. Премиерот Зоран Заев очекува судот да докаже дека Александар Николоски неосновано клеветел за случајот Рекет. „Јас […]

Чавков за насилствата на 27 април: Немав контакти со Јанакиески и Ристовски, туку со луѓе вклучени во акцијата

февруари 5, 2021

Денеска во Кривичен суд продолжи судењето за нападите во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година, а помеѓу сведоците беше и поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, кој за овој случај веќе е осуден 18 години затвор. Тој на сведочењето рече дека немал никаква комуникација со поранешните министри Миле […]

Случај „Таргет-Тврдина“: Вредноста на уништената опрема за прислушкување е над 1,4 милиони евра

јануари 26, 2021

МВР во 2015 година ја проценило уништената опрема за прислушкување на 1 денар, но вештите лица ангажирани во случајот „Таргет-Тврдина“ на денешното судско рочиште рекоа дека вредноста на уништената опрема за прислушкување изнесувала над 1,4 милиони евра. Ова го изјави вештото лице Ѕвонко Кочовски, кое појасни дека станува збор за вредност на системот за прислушкување […]

Јанкулоска нападите во Собранието ги гледала на телевизија, тврди ВМРО-ДПМНЕ не е организатор

јануари 11, 2021

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за нападот во Собранието, којшто се случи на 27 април 2017 година. Таа во исказот пред судот изјавила дека дента кога се случиле нападите, била во партиското седиште до 17 часот и потоа заминала дома, од каде што на телевизија го следела нападот во Собранието. Јанкулоска […]

Јанкулоска со лисици на рацете, од затвор донесена на судското рочиште за „Таргет-Тврдина“

септември 30, 2020

Со лисици на рацете денеска поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од затворот „Идризово“, каде се наоѓа од пред два дена, беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“. Таа е веќе осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службена положба поради незаконска набавка на владиниот мерцедес во вредност […]

Судењето за случајот со невладината „Меѓународен сојуз“ на Боки 13 се одложи за 21 јули

јули 1, 2020

Денеска требаше да почне, но за 21 јули се одложи стартот на судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која се обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“. Одложувањето следуваше по соопштувањето на барањето на […]

Премиерот Спасовски сведочеше за настаните поврзани со упадот во Собранието на 27 април

мај 13, 2020

Премиерот Оливер Спасовски денеска по втор пат сведочеше за случувањата поврзани со упадот во Собранието на 27 април 2017 година во судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“. Актуелниот премиер Спасовски во судницата се соочи со поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој е еден од обвинетите во судскиот случај. Спасовски сведочеше дека на 27 април […]

Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

мај 11, 2020

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад […]

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, вели Фетаи

август 26, 2019

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште најави дека ќе го повика премиерот Зоран Заев да сведочи за случајот „Монструм“. На следното судско рочиште на 5 септември во судницата ќе се слушаат телефонските разговори кои беа објавени во „бомбите“ на СДСМ, а коишто беа поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро. На денешното […]

Рочиштето за случајот „Шамари“ се одложи за 28 јуни

мај 3, 2017

Судското рочиште за насилствата во Општина Центар од јуни 2013 година се одложи бидејќи денеска во Основен суд Скопје 1 не дојдоа петмина обвинети. Следното рочиште е закажано за 28 јуни во 10 часот. Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешното рочиште побара отсутните обвинети да бидат приведени, бидејќи биле уредно поканети, а […]

Страна 1 од 1