fbpx

Судот го прифати обвинението за организаторите на „Крвавиот четврток“

-

Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО – ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс – директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Четирите лица се товарат за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Против две дополнителни лица, некогашниот премиер Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошкоски, кои во моментов се наоѓаат во бегство, постапката беше запрена до нивното пронаоѓање. Судот допрва ќе информира за кога ќе биде закажано судењето, но извесно е дека најпрво ќе треба да се избере судија што ќе го води предметот.

Според обвинителниот акт на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, обвинетите лица подготвиле и реализирале насилен план за да не се случи мирно примопредавање на власта по предвремените парламентарни избори од 2016 година.

„Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили“, се вели во обвинението.

Ова е второ судење за „Крвавиот четврток“, откако веќе беше завршен судскиот процес за 16 обвинети за терористичко загрозување на уставноста на 27 април 2017 година. Во овој процес беа досудени 211 години казна затвор за овие 16 лица, додека 15 лица добија амнестија од Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...