fbpx
Таг: Амнестија

таг: Амнестија

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за насилниците од 27 април

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара „итно и неодложно“ ослободување и амнестија на сите лица што „извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите во Собранието на Република Македонија од 27 април“. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој чин ќе придонесе за помирување во Македонија и за релаксирање на политичките тензии. Ваков заклучок, како што информираат од партијата, бил донесен на последната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој бил...

Владата подготви закон за амнестија

Владата на својата денешна, 28. седница, го разгледала и го усвои предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во Владата да ги обезбедат условите за увид во предлог-текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност, соопшти владината служба за информирање. Предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален...

Заев се засрамил од условите во затворот „Идризово“ и најави закон за амнестија

Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори, изјави премиерот Зоран Заев по денешната посета на затворот „Идризово“. Заев ја посети казнено-поправната установа заедно со народниот правобранител, Иџет Мемети, и со извршната директорка на на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Заев не го криеше разочарувањето од условите во затворот. - Овде нема минимум услови за издржување...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже за амнестијата, за празниот буџет и за јавниот долг

„Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и со дезинформации да ги дефокусира од обврските што ги презеде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија, реагираат од...

Неумесно е Иванов да бара милост од Собранието за тепачите на пратениците

Изјавата на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, во која тој практично се заложи Собранието да направи амнестија на осомничените и на обвинетите за крвавиот инцидент во Собранието на 27 април, „Вистиномер“ ја смета за несоодветна и ја оценува за недоследна. „Иванов, барајќи од новиот собраниски состав – новото Собрание „да им помогне на луѓе кои ги завела толпата, кои се повеле од емоции“,...

Иванов: Ако можеле да се амнестираат воени злосторници, зошто не и луѓе заведени од толпа

„Ако имаат доблест новите пратеници во новиот состав на Собранието, ако сакаат да влијаат на смирување на општеството и да покажат акт на добра волја и на помирување, нека го направат тоа што беше направено по конфликтот во 2001 година. Тогаш знаеме дека Собранието амнестираше воени злосторници. Ако можеле воени злосторници да се амнестираат, зошто да не им се помогне...

Од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека барале или ќе бараат амнестија

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на интервјуто на Зоран Заев за „Дојче веле“, порачувајќи дека партијата ниту барала ниту ќе бара амнестија. Заев во интервјуто рече дека тоа што го прави Груевски, „го прави за да се пазари за амнестија“, но дека амнестија нема да има. „Зоран Заев не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и дека некој искрено...

Заев: Груевски се пазари за амнестија, ама амнестија нема да има

Oва што го прави Груевски, го прави за да се пазари за амнестија, но амнестија нема да има, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Дојче веле“, како одговор на прашањето дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно барал гаранции за негова и за амнестија на одредени лица од неговото најблиско партиско и семејно опкружување. - Да, ова...

Асад: Кој ќе го положи оружјето ќе биде амнестиран

Сирискиот претседател Башар ал Асад им понуди амнестија на бунтовниците кои во наредните три месеци ќе го положат оружјето и ќе се предадат на властите. Асад потпиша декрет и повика сите притвореници да бидат ослободени. Оваа понуда следува откако рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, објави дека владата на неговата земја и Сирија денеска ќе почнат голема хуманитарна акција во Алепо...

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско...

Берлин: Со амнестијата, Иванов го прекрши Договорот од Пржино

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, со амнестијата за политичарите и за нивни соработници го прекрши Договорот од Пржино, оценува официјален Берлин, објави „Утрински весник“. Портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер, одговарајќи на новинарско прашање, денеска објасни дека Берлин веќе подолго време со загриженост го следи развојот на настаните во Македонија. „Германската влада е многу загрижена поради состојбата во Македонија. Во Македонија работите...

Заев со второ писмо го известува Иванов дека не прифаќа аболиција

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му испрати второ писмо на претседателот Ѓорге Иванов, во кое му соопштува дека ниту бара, ниту прифаќа аболиција. Ова писмо на Заев следува откако претседателот Ѓорге Иванов во обраќање пред јавноста соопшти дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 политичари и блиски соработници. - Не сме сите исти и не сме криминалци....

Иванов: Не ја повлекувам одлуката, странците да внимаваат како се однесуваат

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при новото браќање до јавноста, уште еднаш повтори дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 политичари и блиски соработници. - Цврсто сум убеден дека таквата одлука ќе опстане. Останувам на истата, а секој што смета дека сум му одзел право или сум му направил лоша услуга и сака својата невиност да...

Иванов во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 16 часот ќе им се обрати на граѓаните на Република Македонија. Вчера претседателот имаше интервју со уредниците на националните телевизии, а во вторникот, при првото обраќање до нацијата, ја соопшти одлуката за општа аболиција на политичари за кои се води предистражна и истражна постапка. По објавувањето на одлуката за аболиција Иванов се најде под жестоки...

„Волстрит џурнал“: Можна е забрана за влез во ЕУ на функционери на ВМРО-ДПМНЕ поради одлуката на Иванов

Висок претставник на ЕУ вели дека западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери доколку одлуката за амнестија на Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се спроведе, пишува „Волстрит џурнал“. „Помеѓу можните казни поради одлуката, се забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за...

Бер: Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

САД се длабоко загрижени поради одлуката на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да ги помилува тие кои се предмет на истраги, а се поврзани со скандалот со прислушувањето, оцени денеска амбасадорот на САД во ОБСЕ, Даниел Бер. „Таквата одлука, доколку се имплементира, дополнително ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, интегритетот на судството и на другите институции, како и кредибилитетот...

Иванов: Постои реална закана за ликвидација на двајца лидери на партии

Постои реална закана за физичка ликвидација на двајца лидери на партии, рече претседателот Ѓорге Иванов на заедничкото интервју со главните уредници на неколку македонски телевизии во неговиот кабинет. Тој рече дека не може да ги каже имињата, но дека службите ги знаат и дека тие лица се информирани за заканите кон нив, како и дека и кон него има такви...

Коцијанчич: Македонските власти треба да преземат одговорност

Европската комисија одблизу ја следи ситуацијата во Македонија, особено по вчерашните настани и тоа што се случуваше во изминатите денови, но останува македонските власти да преземат одговорност во интерес на државата и на граѓаните, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Особено е важно да преземат одговорност. Ние сме во постојан контакт со нив и нашата позиција е особено...

ВМРО-НП: Прво правосилна пресуда, потоа амнестија

„ВМРО-Народна партија пред година и половина беше иницијатор за донесување закон за амнестија низ собраниска процедура. За сето ова време, иако жестоко критикувани, продолживме да го браниме овој став затоа што бевме убедени дека кризата на крај ќе заврши со амнестија, која ќе е далеку понеправедна и селективна, а за која опоменувавме во повеќе наши соопштенија“, стои во соопштението...

Блицкриг на Иванов: Аболиција, сликање, насмевки, тројна средба и гала-вечера

Посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, случајно или не, поминаа во сенка поради одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Тој ја соопшти оваа одлука половина час пред тие да пристигнат во неговата вила. Според „Дојче веле“, нивното присуство требало да биде...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...