Повлечени измените на Законот за заштита на културно наследство

Овој предлог, според предлагачите, требаше да ја олесни изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д. Од друга страна, за предлогот имаше жестоки реакции во јавноста, бидејќи се предвидуваше инжинер да постапува со евентуалните археолошки наоди

-

Предлагачите, група пратеници од ДУИ, го повлекоа Предлог-законот за заштита на културно наследство од дневен ред на собраниска седница. Овој предлог, според предлагачите, требаше да ја олесни изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10. Од друга страна, за предлогот имаше жестоки реакции во јавноста, бидејќи се предвидуваше дека „доколку за време на вршење на градежни работи за проекти од државно значење биде пронајдено археолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите за тоа случајно откритие да го извести надзорниот инжинер“, наместо како досега, тоа да биде пријавено до надлежната јавна установа за заштита или до МВР.

Македонското археолошко друштво денеска излезе на протест со барање предлог-законот да се повлече од дневен ред бидејќи, како што изјавија, со одредбата „се овозможува исклучување и дерогирање на компетентните стручни и надлежни инстанци за заштита на културното наследство, односно на институциите од системот за заштита кои се специјализирани, квалификувани и одговорни да преземаат мерки за заштита на наследството“. Со други зборови, како што истакнаа и од Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети Македонија, кој е дел од ИКОМОС недвижното културно наследство, надзорниот инженер вклучен во изградбата на автопатиштата ја нема потребната стручност ниту знаење да идентификува дали се работи за случајни откритија кои претставуваат археолошки наоди, ниту да постапува на стручен начин со истите или пак да обезбеди нивна заштита.

Жестоки реакции за законските измени: Надзорот не може да постапува со археолошките наоди

По ваквите реакции, предлог-законот беше повлечен од собраниска процедура.

Овластен предлагач на законските измени беше пратеникот Арбер Адеми, а на иницијативата беа потпишани пратениците Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири и Халил Снопче.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...