fbpx
Таг: предлог-закон

таг: предлог-закон

„Платформата за борба против корупцијата“ бара да се повлече предлог-законoт за јавно обвинителство

Владата сака во нетранспарентна постапка да се донесе Законот за јавното обвинителство и тој не смее да се достави до Собранието во овој момент, а доколку сепак тоа се случи, претходно мора да се организира јавна расправа, порача денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, која ја сочинуваат 15 невладини тела. Тие сметаат и дека сегашната специјална...

„Метаморфозис“: Новиот закон за информации од јавен карактер да го смали рокот за одговор на 15 дена

Рокот за давање одговор на барање според законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, наместо 20 дена, како што стои сега во предлог-законот, треба да биде 15 дена, а обидот со овој текст да се дефинира јавниот интерес е контрапродуктивен, и примената на тестот на штетност, кој е дефиниран како задолжителен во новото решение за овој закон,...

Серија закони во Собранието: За слободен пристап до информации, за ОТА, за абортус …

На седници на собраниски комисии, како и на пленарна седница на Собранието, денеска ќе се најдат еден куп закони, од кои дел се со европско знаменце, односно во забрзана постапка. Така, на дневен ред се измените на законот за абортус. Со предлог-законот за прекинување на бременоста, се олеснува достапот до абортус на жените, што досега беше многу долга и сложена...

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

По налогот од Владата од пред неколку дена сите државни институции во својата работа и во различните документи да почнат да го употребуваат новото име на земјава - Република Северна Македонија, од Илинденска број 2 стаса ново задолжение - да се изработат нови печати во склад со законот за употреба на јазиците. Како што објасни владиниот портпарол Муамет Хоџа, на...

ФООМ: Новиот предлог закон за слободен пристап до информации ќе ја зголеми отчетноста

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) го поздравува процесот на финализирање на Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кој се внесени измените за кои се залагаше Фондацијата во процесот на подготовка на Предлог-законот. „Од особена важност е проширувањето на листата на иматели која се утврдува во новиот Предлог-закон. Поточно, во новиот Предлог-закон, вклучени се политичките партии...

Еколошките налепници за старите возила заглавија поради уставните измени (видео)

Поради целата постапка со донесувањето на уставните измени во Собранието, во заден план беше турнат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој предвидува неколку промени, меѓу кои и еколошка категоризација на возилата. Од Министерството за економија, предлагачот на законот за „Мета“ одговорија дека се очекува наскоро повторно да влезе во собраниска процедура, односно да продолжи пленарната седница...

Изборот на новите антикорупционери денеска на комисија, па на собраниска пленарка

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе се утврди предлог-листата за именување на претседател и членови на Државната  комисија за спречување на корупцијата, односно за новите антикорупционери. Потоа таа листа ќе оди на гласање во Собранието. Во Законодавно-правната комисија ќе се дискутира и за предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации, по...

СДСМ: Законот за пазарџиите одложен, ќе се бара прифатливо решение

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение, порачуваат од партијата. „Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засегнати страни и без кој било да биде оштетен. Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на...

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите од државен интерес и како ќе се градат, подалеку од очите на јавноста и кога...

16 граѓански организации побараa итно да се повлечат измените на Кривичниот законик

Вкупно 16 граѓански организации денеска од претседателот на Собранието и од пратениците-предлагачи, побараа итно да го повлечат Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка. Тие сметаат дека со промената во членовите на Кривичниот законик, ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат...

Големата реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем ќе ги „поткачи“ и странците

Министерството за внатрешни работи (МВР) подготвува нови и менува повеќе постоечки закони во насока на реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем во Македонија. На Единствениот национален електронски регистар на прописи е објавена подготовка на повеќе прописи, а меѓу другите и на предлог за изменување на законот за странци со цел, како што се вели, усогласување со предложените закони во врска со...

Коморите реагираат: Данокот на личен доход влезе во Собрание пред истекот на рокот за забелешки

Предлог-законот за данок на личен доход влезе во собраниска процедура пред истекот на рокот за забелешки на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи), реагираат од Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори, како дел од Проектот на УСАИД, „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. „Бизнис-заедницата...

Собранието не го усвои предлог-законот за целосна амнестија на учесниците од 27 април

Собранието со 59 гласа „против“ и 25 „за“ не го усвои предлог законот за амнестија што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија. Пратениците од опозицијата бараа овој закон да се донесе по скратена постапка. Тој предвидуваше неселективно спроведување на правдата, односно амнестија на сите осомничени, обвинети и осудени лица за настаните од 27 април. Зад овој...

Владата го усвои предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција

Владата на денешната 74-седница го разгледала и усвоила Предлог - закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на спорот за Грција и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, кој бил предложен од Министерството за надворешни работи. Предлог-законот за ратификација, со европско знаменце на него, како приоритетен, треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија. Исто така, според соопштението,...

Медиумските закони денеска на собраниска комисија

Во Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието денеска ќе се расправа за предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, и двата во второ читање. Со законите се овозможува, според Владата, која...

Брисел ќе забрани продажба на второкласни производи во Источна Европа

Европската комисија подготвува предлог-закон со кој ќе се регулира различниот квалитет на навидум исти производи на пазарот во Европска Унија. На овој начин, потрошувачите ќе се заштитат од продажба на производи кои се рекламираат како исти, а имаат значајни разлики во составот и карактеристиките. - На почетокот на мандатот, од Европска комисија ми рекоа дека се додека производот е сигурен за...

Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска на собраниска комисија

Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска ќе се разгледува на седница на Комисијата за економски прашања на Собранието, која започнува во 13.30 часот. Овој предлог-закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни местa, технолошки развој и внесување на иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да...

Владата утре ќе усвои предлог-законите за судовите и за Судскиот совет

На својата 57-ма седница, утре Владата  ќе ги усвои и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Измените на овие два закона се дел од реформите во правосудството од планот „3-6-9“ на Владата. Со измените на законот за судовите се предвидува судија да може...

Предлози за членови на Советот на јавни обвинители и за уставен судија во Собранието

Четири комисии на Собранието денеска ќе заседаваат разгледувајќи десетици предлог-закони, но и кадровски решенија за клучните позиции во правосудството. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдува предлози за членови на Советот за јавни обвинители, но ќе избере и кандидат за судија на Уставниот суд. На другите комисии ќе се расправа за низа предлог-закони со кои ќе се воведе АПТИС...

Владата го отповика Мико, а Лазе Еленовски го прати во Брисел

Владата на вчерашна седница отповикала на неколку конзули меѓу кои најекспониран е Џејсон Мико, долгогодишен колумнист во пропаднатиот весник „Дневник“ и консултант на владата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил плаќан од буџетот. Претходно тој бил и лобист за ВМРО-ДПМНЕ и консултант. Според документите заведени на Американската агенција за регистрација за странски соработници – ФАРА, ВМРО-ДПМНЕ за 7.500 долари месечно...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...