понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: затворски казни | 22 резултати

Пресуда за уривањето на „Космос“: Никола Груевски доби девет години казна затвор, Јанакиески три

20 мај 2022

Основниот кривичен суд-Скопје денеска ги објави пресудите во случајот „ТНТ“, којшто се однесува за рушењето на станбениот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судот ги прогласи за виновни обвинетите, при што поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години казна затвор. Некогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на три години […]

Јанакиески и Јанкулоска осудени на затворска казна за „Титаник“, Протуѓер доби условна

28 февруари 2022

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше осудена на казна затвор од 2 години и шест месеци. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така беше еден од соработниците на екс-премиерот Никола Груевски, доби ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци,  Коста Митровски доби по 3 години затвор […]

Осуди за кривичното гонење на двајца грчки новинари што истражуваа капитален корупциски скандал

24 јануари 2022

Грчкиот новинар Костас Ваксеванис се соочува со обвинение за четири кривични дела и можност да добие 20 години затвор поради неговото известување за скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“. Неговата колешка Јоана Пападаку се соочува со обвинение за случајот „Новартис“, но и за таканаречната „Листа Лагард“ на можни затајувачки на данок. Врвни меѓународни организации за заштита […]

Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра

22 декември 2021

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе излезе на слобода, бидејќи Апелациониот суд Скопје му ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра што ја има дадено за замена на притворот со мерки за претпазливост. Апелација ја прифатила жалбата на Сашо Мијалков, со што решението за притвор е преиначено со мерки за одземање на неговиот пасош и […]

Апелациониот суд ги намали казните на осудените за „27 април“

12 февруари 2021

Апелациониот суд Скопје ги намали за една до две години затворските казни на осудените за крвавиот четврток кои се товарат за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за инцидентот на 27 април 2017 година. Судот со тоа ја потврди првостепената пресуда за вина за стореното кривично дело, но и делумно ги уважи жалбите на обвинетите. […]

МВР: Затворски казни за оние кои нема да ги почитуваат препораките и наредбите за спречување на корона вирусот

16 март 2020

МВР ја информира јавноста дека за излез од државата можат да го користат граничниот премин кон Бугарија – Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје. Нашите граѓани можат да остварат влез во  Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан ,Блаце и Аеродром Скопје. Странските државјани кои доаѓаат од високо […]

Тројцата обвинети во „Тарифа“ добија по три години затвор

27 декември 2019

По три години казна затвор добија тројцата обвинети во случајот „Тарифа“, на Специјалното јавно обвинителство, кој беше за незаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра. Според судот поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошкоски и раководителите Методиј Стоименовски и Ненад Ѓорговски ја злоупотребиле службена […]

Собранието го усвои Законот за амнестија

15 јануари 2018

Собранието на денешната седница со 58 гласа „за“, еден „воздржан“ и нути еден „против“ го усвои Законот за амнестија. Со Законот околу 670 лица ќе бидат целосно ослободени од издржување на затворска казна, додека на 3.097 ќе им биде намалена казната за 30 отсто. На овој начин, според Владата, која е предлагач на Законот, ќе […]

Според КЗ: Затвор од најмалку 4 години и високи глоби за затајување данок

23 март 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори четири нови истраги – „Табла“, „Тристa“, „Тотал“ и „Тифани“, од кои во последните две, осомничените физички лица се товарат за кривичното дело затајување данок. Според Кривичниот законик (КЗ) за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна, а ако затаениот износ е значителен, […]

Обама им ги намали казните на 79 затвореници

23 ноември 2016

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, им ја намали затворската казна на 79 затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога, соопшти Белата куќа. Со одлуката за скратување на казната се опфатени осуденици за ненасилни кривични дела поврзани со дрога, но меѓу нив и извршители на вооружени кражби и на злосторства поврзани со наркотици. Обама […]

Апелацискиот суд Скопје им ги намали затворските казни на осудените во „Шпион“

14 октомври 2016

Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која им ги намали првостепено досудените затворски казни на обвинетите во случајот „Шпион“, а на дел им одреди условни казни. Второстепениот суд делумно ги прифатил жалбите на 17 од обвинетите во случајот и ја преиначил пресудата во делот на казните, додека за еден, Ѓеорги Хаџи-Мицев, Апелација го вратила предметот […]

Иванов помилува 43 осуденици по повод празникот Илинден

28 јули 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник 2 Август, помилува 43 лица. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Со одлуката, 43 помилувани лица, сите македонски државјани, делумно се ослободуваат од издржување на затворската казна. Скратувањето на казните на помилуваните лица се движи од три до осум месеци. Одлуката, како што е […]

Седуммина обвинети во случајот „Чекан“ осудени на вкупно 53 години 6 месеци затвор

12 јули 2016

Кривичниот суд во Скопје на седуммина од обвинетите во случајот „Чекан“ им одредил вкупна затворска казна од 53 години и 6 месеци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Полициската акција „Чекан“ беше спроведена во декември минатата година, во Гостиварско, а обвинетите се товареа за кривичните дела лихварство и изнуда. Највисоки казни, како што информираат од Обвинителството, им […]

Иванов помилува нови 26 лица

7 јуни 2016

Истиот ден кога целосно ја поништи аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица од понатамошно издржување на затворските казни. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Според она што може да се види, две лица целосно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, […]

Петмината обвинети во случајот „Ќелија“ осудени на вкупно 15 години и 7 месеци затвор

18 мај 2016

Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата за петмината обвинети во случајот „Ќелија“, откако тие на рочиштето, кое се одржа во понеделникот ја признаа вината за кривичните дела за кои беа обвинети, односно за регрутирање на лица и учество во паравоени формации на воените жаришта на Блискиот Исток. Како што соопштија од Кривичниот суд, […]

Обвинетите во „Ќелија“ што ја признаа вината, осудени на вкупно 32 години затвор

25 март 2016

Шестмина обвинети во случајот „Ќелија“ се осудени на вкупно 32 години и 6 месеци затвор, откако ја признаа вината за кривичното дело учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје […]

Апелација драстично им ги намали казните на осудените за кражбата на артефакти

18 март 2016

Апелацискиот суд Скопје донел одлука со која им ги намали затворските казни на седуммината осудени за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд ги прифатил жалбите на осудените и по оддржаната седница на 18 јануари годинава, донел пресуда со која ја потврдил првостепената […]

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна на Паско Кузман за случајот „Фаланга 2“

15 јануари 2016

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда против шестнаесеттемина обвинети во случајот „Фаланга 2“, меѓу кои е и поранешениот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, пренесува „Утрински“. Апелацискиот суд ги отфрлил жалбите на обвинетите како неосновани и ги потврдил затворските и условните казни на кои беа осудени во јули 2014 година. […]

Страна 1 од 1