fbpx

Уставен суд: Изводите со графа националност се поништуваат, не бил испочитуван рокот за објава

Упатството, како што велат од Уставниот суд е поништено бидејќи судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави

-

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт кој беше донесен од страна на Министерството за правда.

Со ова, фактичко поништено е упатството кое овозможи во изводите да се внесе и графата националност.

Упатството, како што велат од Уставниот суд е поништено бидејќи судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Тој член предвидува рок за објавување „најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето“, а во случајов тоа било направено по 17 дена.

Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува.

Одлуката денеска била донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник. Таа е конечна и извршна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема докази дека Зеленски купил вила од британскиот крал Чарлс Трети за 20 милиони долари

EUvsDisinfo пишува дека, „ниту еден сериозен медиум не објави за ова неосновано тврдење, кое се ширеше исклучиво од про-Кремљ профили и сметки на социјалните мрежи“.  Единствениот извор за оваа...