fbpx

Поради несовесно работење, разрешени државните правобранители на Скопје и Струга

Мирко Велјаноски е разрешен од должноста државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето Струга, а Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител за подрачјето на Скопје

-

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на вчерашната владина седница била донесена одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

„Владата на РСМ одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Во меѓувреме, и Зaконот за државно правобранителство ќе претрпи промени. Пред пратениците на 16 јануари ќе се најде предлог-законот со кој се предвидуваат одредби во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција, во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност.

„Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на коj се избираат државните правобранители“, велат од Министерството за правда.

Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...