Пендаровски: Нема смисла хаосот со вадење документи, законот треба да се пролонгира

Пендаровски за време на разговорот јавно ѝ предложи на Владата рокот за вадење на документите да биде пролонгиран до септември или октомври, за што предлага известување на Грција дека „немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“

-

Срамно и непотребно понижување на македонските граѓани. Вака претседателот Стево Пендаровски го искоментира процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, во синоќешното гостување на телевизија Сител.

Пендаровски за време на разговорот јавно ѝ предложи на Владата рокот за вадење на документите да биде пролонгиран до септември или октомври, за што предлага известување на Грција дека „немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“.

„Ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – Закон за лична карта и Закон за патни исправи, и ако е потребно и Законот за безбедност во патниот сообраќај – тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“, рече претседателот Пендаровски.

Во гостувањето на Сител, Пендаровски зборуваше и за други актуелни случувања, коментирајќи го и незадоволството на контролорите на летање, како и упадот и претепувањето на еден од вработените во М-НАВ. Претседателот кажа дека по инцидентот, покрај од амбасадите, реакции добил и од високи претставници на НАТО, чии прашања биле дали македонското небо е безбедно и за авионите на Алијансата.

„Се работи за дел од критичната инфраструктура. На неа се гледа со посебно внимание. Постои посебен закон за таа критична инфраструктура. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал. Во просториите на тој дел од критичната инфраструктура, да се пресметуваат физички луѓето како да е кафеана. Мислам дека од тука треба да тргнеме и извршните органи, пред сѐ Владата да влезе во процес на расчистување. Едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика. Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт“, кажа претседателот Пендаровски.

Зборувајќи за случајот со Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за двојно убиство, претседателот изрази очекување дека неговата екстрадиција ќе се случи наскоро.

„Доцна попладнево добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект и практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правда“, рече Пендаровски.

Во однос на владеењето на правото, Пендаровски кажа дека проблемите во македонското правосудство се присутни долги години и дека се системски, но и оти не може да се решат со неколку разрешувања или кадровски промени.

„Станува збор за системски проблем и тој може да се реши или да се ублажи само со системски промени. Една од тие системски промени, е комплетниот ветинг во правосудниот систем и жалам што, слушајќи ги советите на високите европски функционери во 2016 и 2017 година, кога се промени структурата на власта, ние не влеговме во тој процес. Гледајќи ги ефектите од немањето ветинг во Македонија, мислам дека не можеше да биде полошо во таа смисла ако направевме комплетен ветинг“, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на црната листа на САД, истакнувајќи дека истата придонесува за кревање на свеста кај политичките субјекти.

Во однос на плановите за втор претседателски мандат, Пендаровски во интервјуто рече дека најдоцна во втората половина на февруари ќе се изјасни дали повторно ќе се кандидира.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...