Маричиќ го доби извештајот од ЕК: Свесни сме за предизвиците кои претстојат

Од СЕП велат дека ќе следува детална анализа за извештајот од страна на Владата и заложување за продолжување на процесот и успешна реализација на заедничките планови

-

Денес во Владата шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на заменикот претседател на Владата Бојан Маричиќ.

На состанокот, како што велат од Секретаријатот за европски прашања, се дискутирало за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за приклучување кон ЕУ, планот за раст и реформскиот план за Северна Македонија и Западен Балкан.

Оттаму велат дека ќе следува детална анализа за извештајот од страна на Владата и заложување за продолжување на процесот и успешна реализација на заедничките планови.

„Свесни за предизвиците кои претстојат, наша цел е обезбедување европска иднина на Северна Македонија а со тоа и стабилност, безбедност и просперитет на земјата и на регионот“, велат од СЕП.

На средбата посебно внимание било посветено на следните чекори за Планот за раст (на економиите) на Западниот Балкан.

Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра

„Планот за раст е резултат на наше барање, со што можеме да користиме привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите. ЕУ со конкретен план подготвува 6 милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра може да ги искористи Северна Македонија. Со Планот за раст се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар, што ќе значи силен економски напредок. Тоа значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на „Единствениот европски пазар“, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Целта на ЕУ е до март 2024 година да направи прв трансфер на средства кон Северна Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан.

„Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот. Ова не значи дека сме ја завршиле работата. Напротив, скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции“, велат од СЕП.

На средбата присуствувале министерот за надворешни работи Бујар Османи, државната секретарка на Секретаријатот за Европски прашања Дрита Абдиу Халили и заменикот шеф на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.

Утре Маричиќ во 11 часот во просториите на Владата ќе одржи прес-конференција со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир по повод објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјава.

Судството и владеењето на правото на стаклени нозе во европскиот извештај

 

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...