fbpx

Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра

Со комбинацијаta на реформи и инвестиции, планот ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи го слободното движење на стоки, услуги и работници, зоната за плаќања во евра, транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар”, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

-

Европската комисија (ЕК) денеска усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да донесе некои од придобивките од членството во регионот пред пристапувањето, да го поттикне економскиот раст и да ја забрза многу потребната социо-економска конвергенција.

Целта, како што соопшти ЕК, е да им се овозможи на партнерите да ги засилат реформите и инвестициите за значително да се забрза брзината на процесот на проширување и растот на економиите.

За ова, предложен е нов механизам за реформи и развој на Западен Балкан во висина од 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Плаќањето ќе се оствари откако ќе се исполнат договорените реформи.

Во Планот за раст за Западен Балкан се предлагаат седум приоритетни активности: слободно движење на стоки; слободно движење на служби и работници; пристап до Единствената област за плаќања во евра (SEPA); олеснување на патниот транспорт; интеграција и де-карбонизација на енергетските пазари; единствен дигитален пазар и
интеграција во индустриските синџири на снабдување.

„Со денешното усвојување на новиот план за раст од 6 милијарди евра за Западен Балкан, ги приближуваме економиите на Западен Балкан до ЕУ. Потенцијалот на овој план за раст е извонреден, односно тој може да ја удвои економијата на Западен Балкан во следните 10 години. Со својата комбинација на реформи и инвестиции, тој ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи го слободното движење на стоки, услуги и работници, зоната за плаќања во евра, транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар”, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Новиот инструмент вреден 6 милијарди евра се состои од 2 милијарди евра грантови и 4 милијарди евра концесиски заеми. Овие плаќања се условени од партнерите на Западен Балкан за исполнување конкретни социо-економски и фундаментални реформи.

Како дел од Планот за раст, секој партнер од Западен Балкан ќе биде поканет да подготви реформска агенда заснована на постојните препораки, вклучително и од годишниот пакет за проширување и Програмите за економски реформи на земјите. Оваа реформска агенда ќе биде консултирана, оценувана и усвоена од Комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...