Маж згмечен до смрт од робот во Јужна Кореја

Инцидентот се случил кога 40-годишниот маж, вработен во компанијата за роботика, ги проверувал операциите на сензорот на роботот

Photo by Possessed Photography on Unsplash

Човек е згмечен до смрт од робот во Јужна Кореја, откако машината не успеала да го разликува од кутиите со храна што ги ракувала, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, а пренесе Би-би-си.

Инцидентот се случил кога 40-годишниот маж, вработен во компанијата за роботика, ги проверувал операциите на сензорот на роботот. Роботската рака во фабриката вршела сортирање на пиперки во провинцијата Јужен Гјеонгсанг, и неразликувајќи го човекот од кутиите со зеленчук, го зграпчила и го турнала на подвижната лента, згмечувајќи му ги лицето и градите.

Човекот бил пренесен во болница, но подоцна починал.

Инцидентот се случил додека вработениот правел проверки на роботот пред истиот да биде пуштен на тестирање кое било закажано за денеска, 8 ноември.