понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: починат | 55 резултати

Во Орман пронајден маж со повреди на главата, починал на Клинички

јули 16, 2024

Возрасен маж со иницијали Р. Ч. синоќа со тешки повреди на главата бил пронајден покрај возило кај скопското село Орман, а откако бил пренесен во болница, им подлегнал на повредите, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18.50 во село Орман до паркирано возило „Лексус“ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице […]

Почина 25-годишен војник на АРМ, му се слошило на Криволак

јуни 20, 2024

Професионален војник со иницијали А.Ј. (25) починал вчеравечер на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Војникот бил еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили, што изминатите дваесетина денови се одвива на полигонот „Криволак“. Како што соопштија од […]

Маж во Мексико почина од птичји грип, регистриран првиот случај на Х5Н2 кај човек

јуни 6, 2024

Светската здравствена организација (СЗО) информираше за смрт на маж од Мексико предизвикана од видот на птичји грип наречен H5N2 (Х5Н2), кој никогаш досега не бил пронајден кај човек. 59-годишниот маж, кој бил хоспитализиран во Мексико Сити, починал на 24 април откако развил треска, отежнато дишење, дијареја, гадење и општа непријатност. СЗО вчера соопшти дека не […]

Лекар од Скопје пронајден во автомобил избоден до смрт во Железара

март 22, 2024

На паркингот пред поранешната клиника Железара, во возило „Киа“ вчеравечер бил пронајден починат 67-годишниот А.Т. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил пронајден во сопствениот автомобил со повеќе убодни рани. Јавното обвинителство соопшти дека починатиот бил лекар. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. […]

Во нива во гостиварско пронајден починат маж, со рани нанесени од животни

декември 24, 2023

Осумдесет и три годишен маж од гостиварското село Форино бил пронајден мртов во нива во близина на штала што ја користело неговото семејство. На телото имал повеќе рани, кои најверојатно биле нанесени од животни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот во полиција вчера попладне го пријавил синот на починатиот, 48-годишниот Р.Е., кој го пронашол […]

На Пелистер пронајдено тело на починат планинар

ноември 19, 2023

На планината Пелистер денеска е пронајдено тело на починато лице, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Починатото лице – повозрасен планинар од Скопје, со иницијали А.С., било пронајдено кај месноста „Ловечка куќа“ на Пелистер на околу 2.000 метри надморска височина. Како што информира ЦУК, за случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување од […]

Маж згмечен до смрт од робот во Јужна Кореја

ноември 8, 2023

Човек е згмечен до смрт од робот во Јужна Кореја, откако машината не успеала да го разликува од кутиите со храна што ги ракувала, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, а пренесе Би-би-си. Инцидентот се случил кога 40-годишниот маж, вработен во компанијата за роботика, ги проверувал операциите на сензорот на роботот. Роботската рака во фабриката вршела […]

Ачковска повикана во полиција за објавата дека момче починало откако му ставиле дрога во пијалокот

март 16, 2023

Универзитетската професорка Виолета Ачковска, која завчера на Фејсбук објави статус во кој напиша дека гимназијалец починал откако во пијачката во кафуле му била ставена дрога, денеска била повикана на разговор во полициска станица, известија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Ачковска изјавила дека нема информации за настанот и дека „за тоа слушнала од муабети од […]

Смртта на средношколец од Скопје злоупотребена на социјалните мрежи

март 15, 2023

Смртта на средношколец од Скопје, кој починал пред три дена, денеска масовно се злоупотребува на социјалните мрежи, откако професорката на Институтот за историја при УКИМ, Виолета Ачковска, објави дека средношколецот всушност бил отруен од „дрога ставена во пијалок во кафич“. Околу 12 часа по објавата на постот на Фејсбук, професорката го избриша, но во меѓувреме […]

Македонски државјанин пронајден мртов во Софија

декември 19, 2022

Македонски државјанин викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот Стојан Спасов од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија. Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку […]

Хрватската амбасада пружа помош на семејството на ракометарот Денис Тот, клубовите се простуваат од колегата

април 8, 2022

Семејството на 27-годишниот ракометар Денис Тот, кој денес почина на Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ е во Скопје, потврди за Мета.мк хрватска амбасадорка Нивес Тингањ. „Ова е голема семејна трагедија. Членови на семејството се пристигнати во Скопје. Амбасадата им пружа меѓународна правна помош. Ние сме во контакт со родителите и со докторката […]

Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли

јануари 11, 2022

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Давид Сасоли почина синоќа во болница во Италија, соопшти портпаролот на ЕП Роберто Куиљо на Твитер. 65-годишниот Сасоли престојувал во центар за онкологија во Италија повеќе од две недели „поради тешки компликации настанати поради проблеми со имунолошкиот систем“. Европскиот парламент објави дека знамињата се спуштени во негова чест. „Нашето најдлабоко […]

Од 3.353 тестирања, 1.168 нови случаи на ковид-19 – како и 18 починати

ноември 14, 2020

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања за ковид-19, биле регистрирани 1.168 нови случаи, односно во: Скопје-513, Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, […]

Загина 27 годишно лице во сообраќајна незгода на патот од Охрид кон Св.Наум

август 16, 2020

Синоќа во сообраќајна незгода на патот Охрид – Св.Наум дошло до судир на три возила „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот И.К. од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре, соопштија […]

Кочанчанец почина од Ковид-19

април 6, 2020

На клиниките во Скопје, почина едно лице од Кочани, за коe се смета дека е првозаболениот од овој град од Ковид-19. Веста ја потврди градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој изутрината бил информиран од семејството на починатиот. Семејството, кое е во изолација, побарало помош од општината, бидејќи најблиските на починатиот не смеат да излегуваат од […]

Почина американскиот сенатор и воен херој Џон Мекејн

август 26, 2018

Вчера во неговиот дом во Корнвил, Аризона, почина американскиот воен херој и политичар Џон Мекејн (81), објави неговото семејство. Мекејн, кој служеше како шест кратен републикански сенатор од Аризона, подолго време боледуваше од рак на мозокот и пред неколку дена најави дека го прекинува третманот. Сопругата Синди Мекејн пиша на Твитер: „Моето срце е скршено. […]

Параглајдерист починал по слетувањето во Гевгелиско

април 10, 2018

М.Ќ.(47) од село Мрзенци-гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, вчера бил пронајден починат над село Сермин-гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера, попладне во 15 часот. На М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време тој починал. Од […]

Кавадарчанец одбивал лекарска помош, а потоа бил пронајден мртов

март 26, 2018

Кавадарчанец вчера ноќта бил пронајден починат пред Здравствен дом Кавадарци, откако претходно пијан правел проблеми на вработените и одбивал лекарска помош, соопшти МВР. Случајот го пријавиле дежурните медицински лица во 1.10 часот вчера, кои на кавадаречките полицајци им кажале дека првин непознато лице во пијана состојба ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска […]

Почина поранешниот вицепремиер Абдилаќим Адеми

февруари 16, 2018

По тешко боледување, синоќа почина Абдилаќим Адеми, член на ДУИ и поранешен висок државен функционер. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од […]

Почина Ингвар Кампрад, основачот на „Икеа“

јануари 28, 2018

Ингвар Кампрад, основачот на шведскиот производител на мебел „Икеа“, почина на 91-годишна возраст, соопшти компанијата. Тој важеше за еден од најбогатите луќе на светот, а според проценките на магазинот „Форбс“ неговото богатство изнесува 3,3 милијарди долари. Кампрад ја основал „Икеа“ во 1943 година, а првиот продажен центар е отворен во 1958 година во Шведска. Седумдесетите […]

Страна 1 од 3