fbpx

Вработените во Самсунг во генерален штрајк, бараат повисоки плати и подобри услови

Станува збор за најголемиот прекин на работа во 55-годишната историја на компанијата

-

Најголемиот синдикат на Самсунг Електроникс во Јужна Кореја стапи во генерален штрајк на неопределено време, откако тридневниот прекин на работата и работничките маршеви не дадоа резултати. Работниците на Самсунг бараат повисоки плати и бонуси.

Националниот синдикат на Самсунг Електроникс објави дека 31.000 негови членови, што е околу една четвртина од вкупниот број вработени во технолошкиот гигант во Северна Кореја, ќе стапат во штрајк почнувајќи од денеска, што е најголемиот прекин на работа во 55-годишната историја на компанијата.

Од синдикатот велат дека „компанијата ќе зажали што одбила да седне на преговарачка маса со работниците“.

„Колку подолго трае штрајкот, толку е поизвесно дека раководството ќе попушти и ќе влезе во дијалог“, велат од синдикатот и додаваат дека се уверени во победата.

Од Самсунг Електроникс изјавија дека компанијата останува посветена на преговорите со синдикатот со добра волја, додавајќи дека ќе се погрижи штрајкот да не влијае на производниот процес.

Лидерот на синдикатот Сон Вумок изјави за Си-Ен-Ен дека ќе треба долго време да се рестартираат погоните затворени поради штрајкот.

Работниците првпат штрајкуваа во јуни, барајќи потранспарентна структура на платите и подобри услови за работа. Историскиот недостиг на чипови предизвикан од пандемијата на коронавирус беше проследен со намалена побарувачка за електронски уреди минатата година поради глобалната економска несигурност.

Бумот на вештачката интелигенција во изминатата година најави подобар период за Самсунг, а компанијата најави пораст на профитот во вториот квартал од оваа година. Синдикалците бараат тоа да се одрази и на нивните плати.

„Иако оперативната добивка е висока, компанијата во последните десет години тврди дека е во криза, а работниците се се понезадоволни бидејќи не се зголемуваат понудите за учинок на работа“, вели Вумок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...