fbpx
Таг: Извештај на Европска комисија

таг: Извештај на Европска комисија

Образованието во РСМ наместо напредок бележи назадување, забелешки има и од ЕУ

Северна Македонија има постигнато ограничен напредок во областа на образованието, земјата ги нема спроведено повеќето препораки на Европската комисија до 2020 година. Додека од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека иницирале многу реформи, експертите предупредуваат дека образованието кај нас е запоставено многу. Потребни се итни реформи во основното образование, треба многу да се работи на условите во...

Индекс за перцепција на корупцијата: Напредок има, но простор за големо задоволство нема

Со 39 идексни поени Северна Македонија е рангирана на 87 место од 180 држави, на најновата листа на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата (ИПК). И покрај напредокот, состојбата е далеку од совршена. Претседателката на Транспаренси интеренешнл, Слаѓана Тасева  вели дека треба уште многу да се работи за надминување на долгогодишниот проблем со корупцијата. Како најнеопходна и најитна ја...

Кредитот од ЕБОР за регионалните депонии пред финално одобрување, општините да не ги кочат проектите

Пред финално одобрување е кредитот во висина од 55,3 милиони евра за изградба на современите депонии за секој одделен регион во земјава. Следната недела кај нас доаѓаат експерти за животна средина и отпад од Лондон, така што владините очекувања се дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во брзо време ќе го одобри кредитот со којшто Северна Македонија...

Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија

Општинското раководство во Свети Николе се промени, а Мета.мк од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може веќе неколку недели да добие одговори на прашањата во врска со изградбата на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Мета.мк испрати прашања до Општина Свети Николе за тоа до каде е постапката за изборот на нов директор на Јавното меѓу-регионално претпријатие...

Мониторинг во медиумскиот сектор: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Проверка на факти за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД. Проектот се спроведува во текот на 2021 и 2022 година. Резимето од мониторингот за реформите во медиумскиот сектор...

Порталб: Ништо не е направено околу трансферот на административците во приватниот сектор

Трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор не започна и покрај тоа што се ветува од 2019 година, кога Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го водеше Дамјан Манчевски, пишува „Порталб“. Истото подоцна го вети и актуелниот министер Јетон Шаќири. МИОА не дава информации што од овој проект е сработено, а од Синдикатот на администрацијата велат дека никој...

Наместо во ветерот и дождот, спас за аерозагадувањето да се гледа во формирање на Фонд за животна средина

Почна сезоната на опасно живеење во македонските градови поради високото ниво на загадување на воздухот. Во доцните попладневни и вечерните часови, воздухот во Скопје и низ другите населени места го менува мирисот, додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање и апликацијата Мој воздух веќе почнаа да алармираат за денови со високо ниво на загадување од...

Дебата на Метаморфозис: Медиумските реформи треба да се континуитет, а не тргни-застани процес

Фондацијата Метаморфозис вчера организираше дебата за реформите во медиумскиот сектор, која што се одржа по презентацијата на сопствениот извештај „Реформи на половина пат - политичката волја час ја има, час ја нема“ од мониторингот на следење на реформите во областа на медиумите. На дебатата беа потврдени наодите од извештајот, при што заеднички заклучок на соговорниците беше дека нема исполнување на...

Порталб: Нема конкретни одговори зошто не се имплементирани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР

Европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на Северна Македонија упати забелешки дека земјата не ги имплементирала сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Од оваа организација велат дека нивните препораки кои се повторуваат во секој извештај се оние кои не се прифаќаат. Но, надлежните не даваат конкретен одговор зошто не се сите препораки вклучени во новите измени на Изборниот законик, кои...

Цели 17 години се чека на изградба на регионалните депонии, ЕУ бара акција од властите

Северна Македонија треба да направи значајни чекори во нареднава година за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад. Ова е јасната препорака на Европската Комисија до македонските власти во Извештајот за остварениот реформски напредок на земјава за 2021 година, во делот на заштитата на животната средина. Од Европската Комисија во Извештајот забележуваат на слабите административни капацитети, ниската примена и...

Порталб: Незаконски е да се бара од граѓаните да плаќаат за нови изводи не постари од 6 месеци

„Не е валиден, изводот не смее да биде постар од шест месеци“. Секако, многумина од вас наишле на вакви одговори од институциите каде што требало да поднесат извод од матичната книга на родените и сте се запрашале зошто го бараат, но во исто време сте обврзани да платите од вашиот џеб за нов извод, кој ќе ги има истите...

Либерализацијата на железничкиот превоз се одложува до крајот на 2022 година

Усвојувањето на пакетот на Законите за железници што го регулира прашањето на либерализација е одложено до декември 2022 година, информираат за Мета.мк од Владата на РСМ. Исто така, за евентуалното реструктуирање на Железници на РСМ - Транспорт, како најголем државен загубар, ќе се чека на завршување на анализата за преструктуирање, која во моментов се изготвува. „Во овој момент консултантска куќа...

EK: Да се дозволи влез на приватни компании во железничкиот превоз и да се забрза изградбата на Коридорот 8

Во областа на транспортот и трансевропските транспортни мрежи, земјава е умерено подготвена, при што ограничен напредок е постигнат во изминатата година, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година. Критиките од минатогодишниот извештај се провлекуваат и годинава во однос на конкретни теми од транспортот. Па така, Европската Комисија бара да се имплементираат реформи...

ЕУ бара да се вложат повеќе средства во борба против загадувањето на воздухот

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година јасно потенцира дека Северна Македонија треба да ги зголеми финансиите што се одвојуваат на национално и локално ниво за намалување на загадувањето на воздухот. „Ограниченото спроведување и ресурсите, слабата меѓусекторска соработка и координацијата помеѓу централните и локалните власти го ограничуваат влијанието на мерките за намалување на аерозагадувањето....

Порталб: Препораките на ОБСЕ/ОДИХР остануваат неисполнети

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР остануваат неисполнети, измените на Изборниот законик се усвоени во последен момент без широка дебата и консултации, а застапеноста на жените на листите за градоначалници и советници на локалните избори во 2021 година е незадоволителна. Ова се дел од забелешките кои беа нагласени во последниот извештај на ЕУ за напредокот на Северна Македонија, пишува Порталб.мк. Од вкупно 299...

Европската Комисија бара да се вложи поголем напор за намалување на загубите на вода за пиење во земјава

Огромните загуби на водата за пиење во водоводните системи во земјава и годинава се најдоа во Извештајот за реформскиот напредок на земјава за 2021 година изработен од Европската Комисија (ЕК). Во Извештајот од македонските власти се бара да вложат дополнителен напор во намалување на процентот на неприходувана вода на национално ниво, а ваквата констатација на Европската Комисија е вклучена...

ЕУ бара усвојување на Законот за климатска акција, Нуредини вели до крајот на годинава ќе се најде пред влада

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година, во делот за климатските промени, посочува дека земјава треба да го усвои Законот за климатска акција, но и да вложи повеќе напори за да се имплементира ветеното од нас во однос на Парискиот договор за климатски промени, којшто беше потпишан во 2016 година. Министерот за животна...

Димитров: Преговорите за членство во ЕУ треба да почнат веднаш

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска одржа заедничка прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2021 година, како и Пакетот за проширување. Вицепремиерот Димитров истакна дека Извештајот на ЕК за Северна Македонија е јасна и недвосмислена потврда...

Влада: Во извештајот на ЕК пописот се споменува како важна обврска на нашата држава која треба да се спроведе

Пописот кој ќе се спроведе во април 2021 е задолжителна активност и законска обврска за сите лица и домаќинства, соопшти Владата. Во него се додава дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, пописот се споменува како важна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана. „Поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите...

Потребно е час поскоро да се донесат законите за управување со отпадот

За да се избегнат минатогодишните критики од Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2021 година, државните власти ќе мора да го забрзаат донесувањето на законите за управување на отпадот. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги најави пред околу еден месец, додека Владата на седницата на 22 декември 2020 ги утврди текстовите...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...