fbpx

Порталб: Ништо не е направено околу трансферот на административците во приватниот сектор

-

Трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор не започна и покрај тоа што се ветува од 2019 година, кога Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го водеше Дамјан Манчевски, пишува „Порталб“.

Истото подоцна го вети и актуелниот министер Јетон Шаќири. МИОА не дава информации што од овој проект е сработено, а од Синдикатот на администрацијата велат дека никој не ги контактирал за проектот откако беше изгласана Владата „Заев 2“, која победи на парламентарните избори на 15 јули 2020 година.

И покрај тоа што министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири за Порталб.мк вети дека проектот за префрлање на административците од јавниот во приватниот сектор ќе се разгледува по септември годинава, МИОА засега не дава никакви информации што се случува со овој проект.

Изјави на министерот:
• 28.09.2020: Како отворена опција за намалување на бројот на вработени во јавниот сектор се отворените пакети за транзиција во приватниот сектор. Трансферот на вработените е дел од воспоставувањето на добра професионална, активна, ефикасна реорганизација на администрацијата и јавниот сектор, намалувајќи го бројот на вработени за да не им се наштети на вработените, додека на овој начин приватниот сектор ќе има корист во делот каде што има недостиг од вработени.

• 14.02.2021 година: Сè уште не е развиен како концепт, развојната фаза на овој концепт е откако ќе поминат законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор. По донесувањето на законите ќе се разговара на владино ниво со Министерството за финансии, економија, труд и социјална политика и Министерството за информатичко општество и администрација да се координира програма која никогаш нема да биде на штета на администрацијата.

На веб-страница на Министерството, не можевме да најдеме никакво соопштение за медиумите или информации за текот на предметниот проект. Порталб.мк, неколку пати преку електронска пошта, смс пораки, но и телефонски повици, побара од службите на Министерството и самиот министер Шаќири, да ни одговорат за постапката за префрлање на административците, но до објавувањето на овој текст ниту одговорија на телефонските повици, ниту ни одговоријз писмено.

Порталб.мк контактираше со Синдикатот на администрацијата и државната управа, кој беше еден од гласовите кои се спротивставија на овој проект, од почетокот на неговата промоција. Претседателот на синдикатот Благоја Ралповски вели дека претходно, кога Манчевски бил министер, биле во контакт, но од времето на пандемијата никој не контактирал со нив за овој проект.

„Од формирањето на оваа влада, никој не контактирал со нас. Значи од време на пандемијата има година и пол. Ние бевме против ова, од почетокот, бидејќи требаше да се направи функционална анализа. Тие земаа пари од Европа и оваа функционална анализа требаше да покаже каде има повеќе или помалку вработени, но и нивниот профил за распределбата на вработените за јавниот сектор да може да биде функционална, а оние кои би биле вишок ќе треба да најдат решенија за тоа што да се прави со нив. Ниту тоа не им успеа, додека таму беше Дамјан Манчевски. Сè пропадна, парите се трошат залудно. И кога странците „ни ги тегнат ушите“, тогаш виновни се вработените во јавниот сектор“, вели Ралповски.

Тој вели дека не само што не се спроведе трансферот од јавниот во приватниот сектор, туку се случило спротивното.

„Според ДЗС во 2017 година во јавниот сектор имало 170 илјади вработени, додека во 2021 година, првиот квартал, има 205 илјади вработени. Значи, наместо трансфер од јавниот во приватниот сектор, се случи спротивното“, додаде Ралповски.

Прашањето за трансфер на вработени се споменува и во „Извештајот за следење на Евроинтеграцискиот процес“, објавен од Фондацијата „Метаморфозис“. Во извештајот се наведува дека напредокот во обработката на функционалната анализа, процес кој започна во 2019 година, е слаб.

„Без функционална анализа не може со право да се водат два процеси – евентуално намалување на бројот на вработени во државните служби и воопшто на бројот на администрацијата или јавниот сектор, но и квалитативна реформа на некои институции на хоризонтално ниво, поточно процесот започна реорганизација и оптимизација. Поранешниот министер Дамјан Манчевски, кој го одложи овој процес на функционална анализа, во 2019 година истакна дека тие се значајни за реализација на евентуалниот трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор“, се вели во публикацијата на Метаморфозис на 4 ноември, која што наскоро ќе се најде на веб-страницата на оваа фондација.

Во Извештајот на Европската Комисија за 2021 година за Северна Македонија се наведува дека „постигнат е одреден напредок во финализирањето на ревизијата на функционалниот и хоризонталниот преглед на државната администрација и дека е важно ревизијата да биде одобрена од Владата. Дадени се препораки за нова организација на органите на државната управа со подобрени линии на одговорност и истите да се вклучат во соодветната законска регулатива, која треба да се одобри и имплементира.

Инаку, во 2019 година, откако тогашниот министер го обелодени планот за трансфер на административци, Синдикатот на администрацијата и државната управа се спротивстави на идејата на Владата, а бизнис секторот побара првично да му се кажат кадрите што треба да се понудат. Од МИОА тогаш изјавија дека трансферот ќе се реализира во соработка со приватниот сектор, додека ниту еден вработен во јавната администрација нема да биде принуден да премине.

За таа цел, Манчевски на 17 јануари 2020 година организираше средба со стопанските комори и синдикатите, со која се разговараше за 5 пакети. Бидејќи тогаш беа распишани парламентарни избори за 12 април 2020 година, министерот најави дека тоа ќе се случи по изборите.

Дискутираните пет пакети се:

1. Трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, кај приватно претпријатие кое би понудило поголема плата, додека државата во одреден период би ги плаќала придонесите.
2. Преквалификација на вработените од јавниот во јавниот сектор, согласно потребите кои би ни ги доставиле претставници на приватниот сектор, поточно стопанските комори, но и Агенцијата за вработување. Трошоците за преквалификација треба да ги сноси државата.
3. Доброволно, вработените кои сакаат да го напуштат јавниот, да понудат атрактивна понуда за самите да напуштат.
4. Преквалификација за внатрешни потреби, односно дел од функционалната анализа не е само да покаже технолошки вишок на вработени, туку и одредени недостатоци на кадар, односно во јавната администрација – така што констатиран е недостиг на кадар.
5. Се зборува за друг тип на јавно – приватно партнерство, но ова е реално тоа што доаѓа од други партнери кои се во дијалог и треба да се работи целосно.

Сепак, овие дискутирани пакети останаа само идеи, кои досега не се реализирани и надлежните не даваат информации што се случило.

Овој проект имаше за цел да го намали бројот на административци, по постојаните забелешки на меѓународната заедница за пренатрупаната јавна администрација. Проектот започна во 2019 година, а требаше да заврши овој месец. Проектот е со буџет од 1,7 милиони евра, во рамки на ИПА проектот, односно финансирањето е целосно обезбедено од пари на Европската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...