Либерализацијата на железничкиот превоз се одложува до крајот на 2022 година

-

Усвојувањето на пакетот на Законите за железници што го регулира прашањето на либерализација е одложено до декември 2022 година, информираат за Мета.мк од Владата на РСМ. Исто така, за евентуалното реструктуирање на Железници на РСМ – Транспорт, како најголем државен загубар, ќе се чека на завршување на анализата за преструктуирање, која во моментов се изготвува.

„Во овој момент консултантска куќа работи на изработка на бизнис сегментација на претпријатието и сè додека не се изготват моделите на преструктуирање на тоа претпријатие не може да се зборува за отворање на пазарот. Очекуваме следната година оваа анализа да биде изготвена“, велат од извршната власт.

Ваквиот одговор од Владата следува откако Европската Комисија и во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година побара имплементација на реформи во железничкиот сектор, кои би значеле губење на монополот на Железници на РСМ – Транспорт во однос на организирањето на железничкиот сообраќај.

Европската Комисија бара да се отвори пазарот преку влез на нови транспортни компании што ќе може да сообраќаат по нашите пруги. Либерализацијата во делот на железничкиот превоз е барање на ЕУ старо речиси една деценија наназад и досега било наведено и во претходните извештаи на Европската Комисија.

Бизнис сегментацијата на Железници на РСМ – Транспорт би подразбирала поделба на претпријатието на посебни фирми за товарен и патнички железнички сообраќај, по примерот на реформите кои веќе ги имаат направено и земјите од регионов – Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија и други. Наспроти ова, Грција целосно го приватизираше државното железничко претпријатие уште пред неколку години.

Владата и премиерот Зоран Заев пред една година најавија можност за воспоставување на јавно-приватно партнерство или приватизација на Железници на РСМ – Транспорт, но ваквиот потег ќе се пролонгира со најновата владина одлука да се почека студијата за бизнис сегментација на државното железничко претпријатие.

Инаку, главниот проблем со којшто се соочува Железници на РСМ – Транспорт, а со тоа и функционирањето на железничкиот превоз во земјава, е натрупаниот долг на претпријатието, а којшто вклучува долгови со камати во висина од неколку милиони евра кон Хрватските и Бугарските железници создадени во текот на 90-тите години на минатиот век. Поради сериозната висина на вредноста на каматите кон овие долгови кон Хрватските железници, самото претпријатие уште на почетокот од годинава предупреди дека постои опасност од присилна наплата на долговите.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...