fbpx

ЕУ критикува: Мал напредок во образованието, буџетот под европскиот просек

Што се однесува до парите кои Владата ги одвојува за образование, наведено е дека трошоците за образование и обука благо се намалиле на 3,71% од БДП во 2022 година (3,98% во 2021 година), што е сè уште далеку под просекот на ЕУ, кој изнесува 5%

-

Северна Македонија е „умерено подготвена“ во областа на образованието и културата, наведено е во новиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава. Во делот за образование, стои дека бил постигнат „ограничен напредок“ во воведувањето на насоки и програми за зајакнување на инклузивноста. Имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 продолжила да биде бавна.

„Усвојувањето на клучните закони дополнително беше одложено. Препораките од минатогодишниот извештај остануваат валидни и сега. Во наредната година, Северна Македонија треба да го финализира и усвои Законот за средно образование и Законот за стручно образование и обука, како и да се фокусира на регионалните центри за стручно образование и обука. Треба да усвои Закон за образование на возрасни, како и да го подобри пристапот до квалитетно образование за сите, посебно за децата со попреченост и децата од ромската заедница. Треба да го зголеми и опфатот во предучилишна возраст, како и да продолжат со поддршка, обука и професионален развој на наставниците“, наведено е во Извештајот.

Во него стои дека не се добро дефинирани механизмите за следење на Стратегијата за образование 2018-2025, документот со кој се уредува образовниот сектор.

„Целите и индикаторите треба да се подобрат за да се овозможи соодветна евалуација на спроведувањето на реформите. Новиот Закон за стручно образование и обука, кој е суштински за реформата на стручното образование, допрва треба да се усвојува. Неговото усвојување, исто така, е потребно за да се засили улогата на петте регионални центри за стручно образование и обука во земјата. Воспоставена е шема за соработка помеѓу деловните компании, средните стручни училишта и
Стопанските комори и МОН треба да ја поддржи праксата на учениците во приватни компании“, наведено е во извештајот.

Освен тоа, на државата ѝ се забележува дека Законот за образование на возрасни не е донесен.

Што се однесува до парите кои Владата ги одвојува за образование, наведено е дека јавната потрошувачка за образование и обука благо се намалила на 3,71% од БДП во 2022 година (3,98% во 2021 година), што е сè уште далеку под просекот на ЕУ, кој изнесува 5%.

„Иако е постигнат одреден напредок во предучилишното образование, севкупното ниво на запишување остана пониско од регионалните и ЕУ стандардите, посебно за децата Роми. Со оглед на тоа што целта на ЕУ за образование и обука за рано детско образование и присуство на грижа е поставена на 96%, само 42% од децата на возраст од 3 до 6 години, биле запишани во институции за рано детско образование во 2022 година“, наведено е во Извештајот.

Она што е наведено како позитивно, е тоа што Националната агенција за европски програми и мобилност, односно преку Еразмус програмата, организирала и поддржала повеќе од 100 активности и настани наменети за млади луѓе. Бројот на учесници во финансирана младинска размена преку проекти била 465 во 2022 година, а во 2020 година на размена биле 294 ученици.

Во однос на инклузијата, во Извештајот на ЕК пишува дека лани во октомври започнала модифицирана програма за ученици со посебни образовни потреби.

„Бирото за развој на образованието подготви упатства за развој и имплементација на изменета наставна програма за ученици со посебни образовни потреби. Бирото исто така разви два модули за обука за инклузивни училишни тимови, а курсевите беа спроведени онлајн. Бројот на ромски образовни медијатори е 40, а бил 35 во 2021 година, со што услугите за нив се достапни во 28 општини. Во високото образование, властите доделија 135 стипендии за студенти Роми“, наведено е во Извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...