среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Zoran Zaev | 65 резултати

Заев и учесниците на Преспа форум за дијалог најголем акцент ставија на Преспанскиот договор

јули 2, 2021

„Јасно ми е дека застарените искуства велат дека во политиката нема пријателства, туку само – интереси. Но, јас и Алексис Ципрас се определивме да покажеме дека не се сите стереотипи правило и дека кога се кршат се создaва енергија за нови модели на однесување и за воспоставување нови пријателства и односи меѓу државите и политичарите. […]

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

октомври 9, 2020

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што […]

Заев ги фрли коцките: Застојот во евроинтеграциите го загрозува Преспанскиот договор

октомври 29, 2019

Во интервју за сервисот на „Еуроњус“ на грчки јазик дадено вчера, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека одлуката да не се додели датум за почетокот на преговорите на Северна Македонија, го става во ризик Преспанскиот договор. Поточно, тоа значи дека деловите за внатрешната употреба на новото име ќе бидат блокирани и не ќе може да […]

Мицкоски не гледа потреба да присистува на лидерската средба во петок

јули 16, 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за в петок во 14 часот. – Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба […]

Платформа против корупција: Заев и како в.д. министер за финансии, го крши антикорупцискиот закон

јули 10, 2019

Ситуацијата премиерот Зоран Заев да ја врши паралелно и функцијата министер за финансии е спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, сеедно што станува збор само за привремено вршење на должноста, предупреди денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. „И покрај привременото вршење на втората функција, сметаме дека обврска […]

Заев се повлече, нема да биде министер, ама ќе раководи со Министерството за финасии

јуни 26, 2019

Образлагајќи го предлогот за разрешување на министри, како втора точка на денешната седница на Собранието, премиерот Зоран Заев истовремено ја повлече својата кандидатура за министер за финансии, но рече дека ќе раководи со министерството сè до избор на новиот министер. Претходно Антикорупциската комисија го предупреди Заев дека функциите премиер и министер се неспоиви и дека […]

Антикорупциска предупредува дека Заев не може да биде и премиер и министер за финансии

јуни 26, 2019

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку соопштение реагираше дека е неправилно Зоран Заев во исто време да биде и премиер и министер за финансии. Комисијата соопшти дека ако нејзиното укажување не се земе предвид, ќе биде приморана „да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности“. Реакцијата доаѓа денеска, кога во Собранието треба да […]

Антикорупциска ги проверува хидроцентралите на Анѓушев и автомобилите на Вангеловски и на Меркo

мај 9, 2019

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори три постапки за еден вицепремиер, еден градоначалник и за претседателот на Врховниот суд. Антикорупционерите отворија постапка за хидроцентралата на фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Ќе се истражува како земјиштето во Дреново завршило […]

Заев и Ципрас: Градиме мостови – противниците на Договорот ќе ги видат придобивките

април 2, 2019

Со заедничка порака дека со Договорот од Преспа и Грција и Северна Македонија ќе имаат придобивка и полза за граѓаните и сега и идните генерации, а дека противниците на овој договор полека ќе ги увидат сите предности, Зоран Заев и Алексис Ципрас на прес-конференцијата, порачаа дека сегашните политички раководства се посветени на градење мостови и […]

Заев на проштална средба со Бејли: Договорот од Преспа е огромен исчекор

февруари 26, 2019

Премиерот Зоран Заев вчера во проштална посета  го примил амбасадорот на САД во заминување, Џес Бејли, а на средбата и двајцата соговорници како најважното постигање во Македонија во текот на мандатот на Бејли го одбележале разрешувањето на спорот со Грција. Заев се заблагодарил на амбасадорот за активната поддршка на напорите за движење кон НАТО и […]

Села ја чека средбата со Заев, БЕСА на Касами тврди дека не блокира

јануари 8, 2019

Крилото на движењето БЕСА предводено од Биљал Касами вели дека не ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија, а гласовите на нејзините пратеници ќе зависат од тоа како ќе се одвива дебатата, порача пратеникот Фадил Зендели денеска, јави  „Порталб.мк“. Прашан неколкупати дали ќе гласаат за уставните измени ако не се исполнат нивните барања Македонија да се […]

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

декември 9, 2018

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март. По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата […]

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

декември 6, 2018

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло. Како што пишува атинска „Ифимерида“  сега кога веќе владата во Атина станала свесна дека терминот „македонски […]

Заев: Уставот ќе се менува со четири амандмани, во нив е и Охридскиот договор

ноември 2, 2018

Владата низ инклузивен и транспарентен процес изготви текст за четири нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. -Првиот амандман ќе биде замена на името Македонија со Северна Македонија во целиот Устав, освен во членот 36 каде има историски аспект. Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, […]

Метју Палмер денеска во Македонија

октомври 22, 2018

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии. МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република […]

Мицкоски: Секој граѓанин да се изјасни според сопственото убедување

септември 12, 2018

По одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ноќеска, по завршувањето […]

Мицкоски: Се запира процедурата за избор на ДИК со просто мнозинство

јули 23, 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека Владата се согласила со барањата на партијата за техничка влада, според Пржинскиот принцип за секои следни избори и додаде дека е задоволен што постигнале договор за Законот за финансирање на политички партии кој ќе гарантира транспарентност и ќе спречи евентуални злоупотреби. – Се договоривме да се стопира и […]

Нова средба на лидерите на четирите најголеми партии

јули 23, 2018

Лидерите на четирите најголеми партии, владејачките СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и крилото на Беса на Билал Касами денеска повторно седнаа во Клубот на пратениците во Скопје. Тие ќе се обидат да постигнат договор за претстојниот референдум за промената на името, односно за датумот на неговото одржување, формата на референдумското прашање и изборот на Државната изборна […]

Мицкоски побара средби со Иванов и Заев и оставка од Димитров

јуни 13, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција денеска повторувајќи голем дел од пораките од вчерашната прес-конференција во врска со постигнатиот договор на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, побара да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов за да дискутираат за ситуацијата, а побара и средба со Заев на која ќе му биде […]

Заев и Мицковски утревечер на прв ТВ дуел на МТВ

мај 22, 2018

Македонската телевизија утревечер во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, јави МИА. ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу […]

Страна 1 од 4