Антикорупциска предупредува дека Заев не може да биде и премиер и министер за финансии

-

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку соопштение реагираше дека е неправилно Зоран Заев во исто време да биде и премиер и министер за финансии. Комисијата соопшти дека ако нејзиното укажување не се земе предвид, ќе биде приморана „да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности“.

Реакцијата доаѓа денеска, кога во Собранието треба да се разгледува предлогот за реконструкција на Владата со нови министерски позиции, од кои таа во Финансии ќе ја врши премиерот.

Антикорупциска се повикува на два члена од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Според член 72, став 1, службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување, предупредува ДКСК.

Како главен аргумент за неспоивост на функциите премиер и министер, комисијата го цитирана член 44, став 1 и 2 од истиот закон.

„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“

Комисијата предупредува дека ако Заев биде избран за министер за финансии, таа „ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...