fbpx
Таг: Zoran Zaev

таг: Zoran Zaev

Се трупаат барањата Јанева да биде „Катица за сè“?

„Маѓар телеком“, „Монструм“, „Куманово“, „Сопот“, „Кампања“ и сите нерешени случаи и корупција во државата да ги решава Специјалното јавно обвнителство. Ова се барања од аналитичарите и од помалите политички партии до специјалното јавно обвинителство. Вчера во медиумите се појави шпекулација дека министерот за правда Аднан Јашари, на средба со новата специјална обвинителка, побарал таа да го преземе и случајот „Куманово“. Портпаролката на Министерството...

Заев: Идната година во вистинска слобода да го дочекаме Денот на независноста

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од партиска делегација, Денот на независноста го прослави со граѓаните во месноста Три Круши. Заев, на присутните им кажа дека делегацијата го посетила гробот на Киро Глигоров и својот говор го почна цитирајќи го првиот македонски претседател со говорот што го одржа на денот кога беше прогласена независноста. Претседателот на опозицијата кажа пред граѓаните...

Заев: Оптимист сум околу постапката за избор на специјален јавен обвинител

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изрази оптимизам дека на почетокот од наредната недела преговарачките тимови на политичките партии ќе ги усогласат ставовите околу законот за јавниот обвинител, кој треба конечно да влезе во собраниска процедура и да се изгласа најдоцна до 15 септември, рок предвиден со Договорот од Пржино. Според Заев, во преговарачките тимови постојат концептуални разлики околу институцијата специјален јавен...

Заев: Граѓаните ќе добијат ако Македонија е една изборна единица

Големите политички партии ќе изгубат ако Македонија биде една изборна единица, но во таков случај добиваат граѓаните, парламентарната демократија и реално, преку моделот со една изборна единица, повеќе нема да се случи да има моќни фигури како што беше Груевски во Македонија. Ова денеска го изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ на средба со граѓаните во Пехчево. - Овој период мора...

Ќе има судење за „Пуч“, судот го одобри обвинението

Советот за оценка на обвинителниот акт на Кривичниот суд во Скопје, во целост го одборил обвинението за случајот „Пуч“, и истовремено ги одбил приговорите на одбраната на обвинетите, меѓу кои е и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, како неосновани, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. „Советот во одлучувањето утврди дека делата што се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени...

Кризата пред решение: Како Груевски да се пасивизира пред изборите?

Има изгледи политичката криза да се реши многу наскоро затоа што ставовите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се доближуваат, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. Според нашите информации, поголемите разлики се испеглани, освен дали премиерот Никола Груевски ќе биде „пасивен“ додека траат предизборните рокови. Приближувањето е постигнато усно, без писмен договор, но, сепак, во присуство на амбасадорот на...

Судот ќе го оценува и обвинителниот акт против Заев за случајот „Поткуп“

Совет за оцена на обвинителен акт, на скопскиот кривичен суд, на седница закажана за 1 јули, ќе го оценува обвинението за случајот „Поткуп“, во кој осомничен е лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Советот за оцена на обвинителен акт, кој постапува по поднесениот обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за организиран киминал и корупција против осомничениот З.З., за кривичното...

Се сеќава ли некој на случајот „Пуч“?

Советот на Кривичниот суд за оцена на обвинителниот акт за случајот „Пуч“ нема законски определен рок до кога треба да се произнесе по обвинението и да одлучи дали ќе го пушти во понатамошна постапка и ќе се закаже судење или, пак, ќе му го врати на Обвинителството, како што побара одбраната. Иако дел од медиумите на 1 јуни, по седницата...

Ахмети се приклучи на средбата Хан-Груевски-Заев

Во резиденцијата на ЕУ на Водно, каде се водат разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со Груевски и со Заев, пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Него го пречека амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Во придружба на Ахмети се министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ. Неофицијално, во 15 часот на средбата...

Заев: Има брзи решенија, но не зависат само од опозицијата

Има решенија кои можат да бидат брзи и можат да ја изненадат јавноста, но тие не зависат само од опозицијата, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на третата лидерска средба во Клубот на пратеници. Следната средба е закажана за почетокот на идната недела. Заев рече дека денешниот состанок поминал во информирање на ДУИ и на ДПА за разговорите во...

Почна лидерската средба, на местото на Дескоска се појави Шекеринска

Точно навреме, денеска почна третата лидерска средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. На средбата се присутни и набљудувачите, амбадорот на САД, Џес Бејли, и на Европската унија, Аиво Орав. Промена во екипата има кај СДСМ. Наместо Рената Дескоска-Тренеска, пристигна заменик-претседателката Радмила Шекеринска. Другите лидери се со екипите што ги придружуваа...

Заев за „Јета не Косове“: Македонците да го учат албанскиот како втор јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при гостувањето во емисијата „Јета не Косове“(Jeta në Kosovë), која се емитува на косовската телевизија РТК1, истакна дека Македонците треба да го учат албанскиот јазик како втор јазик, уште во градинките и подоцна во образованието. - Зошто ќерка ми да не учи турски, албански? Ние сме заедно во ова општество. Сите мора да имаат еднакви и...

Економските најави на Заев се ОК, но недостигаат детали

На собирот „Граѓаните за Македонија“, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, меѓу другото зборуваше и за клучните начела врз кои ќе се потпираат и градат политиките на Социјалдемократскиот сојуз. Во однос на економијата, спомена фер распределбата на доходот и на државните добра по сите основи, даноци прилагодени според примањата на граѓаните, висината на казните ќе биде условена од приходите и друго. Економскиот...

Заев насамо со Бејли и со Орав на паузата од лидерската средба

По 40 минути од втората лидерска средба, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА излегоа на консултации, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одржува одвоена средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Засега нема информации како течат преговорите. Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е засилен со министерот за здравство, Никола Тодоров. Али Ахмети и Мендух Тачи цело време на паузата се...

Заев: Граѓаните на натпартискиот граѓански протест јасно ќе ја испратат пораката

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, денеска се сретнале со Ернст Рајнхел, претставник на германското министерство за внатрешни работи, одговорен за Југоисточна Европа, Турција и за земјите од ЕФТА, како и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер. На средбата, како што се наведува во соопштението од СДСМ, се разговарало за актуелната политичка...

За Обвинителството, тврдењата на СДСМ се притисок врз судот

„Одлуката за поднесување на обвинителниот акт во предметот „Пуч“, како и во сите други предмети, е донесена и се темели само на доказите собрани во текот на истражната постапка, а соопштението на СДСМ, Јавното обвинителство го сфаќа како притисок врз судот“, стои во писмената реакција на Јавното обвинителство на тврдењата на опозицијата дека „одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак...

Заев: Доведено е во прашање елементарното право на работниците, на штрајк

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати порака по повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот. - Први мај 2015 година во Македонија ќе биде запаметен како ден што почна да ја враќа одлучноста на граѓаните да ги бранат човековите работнички права и достоинство, што девет години по ред, мала група на власт недозволиво ги гази и ги повредува. Први мај некогаш...

Автомобил удрил во возилото на Заев

Автомобил удрил во возилото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а во моментот на сообраќајката во возилото што го управувал возачот на Заев, била уште и сопругата на возачот на претседателот на СДСМ, пишува „Нова“. Инцидентот го потврдил и лидерот на опозицијата, за овој медиум. Сопругата на возачот добила повреди и била пренесена во струмичката болница.

Станишев: Политичката криза сериозно ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија

Евроинтреграцијата на Македонија е доведена под знак прашање поради политичката ситуација во земјата, оцени денеска во Софија бугарскиот европратеник Сергеј Станишев. - Ако политичката криза во Македонија продолжи да ескалира, ако дојде до апсења на лидерот на опозицијата, за што има голема веројатност, ако продолжи недостигот од дијалог, постојат сериозни ризици Европската комисија и Европскиот парламент да ги преиспитаат изгледите за...

СДСМ до Обвинителството достави 10.000 страници докази за „Пуч“ и за „Поткуп“

Повеќе од 10.000 страници материјални докази, кои содржат огромен број транскрипти од преслушувани разговори, СМС-пораки и телефонски броеви, денеска беа доставени од опозицискиот СДСМ до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за случаите „Пуч“ и „Поткуп“, а кои, како што изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, покажуваат дека од нивна страна немало „насилство кон претставници на највисоките државни...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...