Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати порака по повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот.

– Први мај 2015 година во Македонија ќе биде запаметен како ден што почна да ја враќа одлучноста на граѓаните да ги бранат човековите работнички права и достоинство, што девет години по ред, мала група на власт недозволиво ги гази и ги повредува. Први мај некогаш беше празник на стекнатите работнички права и ден кога работниците го креваа гласот за унапредување на своите права. Изминатите девет години, суровата и клиентелистичка власт на Груевски и на неговата фамилија ги врати граѓаните и државата во феудализмот. Длабоко ги погазија и повредија сите, со Устав и со закон загарантирани работнички права, по сите основи. Првпат од осамостојувањето на Македонија, е доведено во прашање елементарното право на работниците, на штрајк. Задушена е слободата на говор и недемократски и нецивилизирано се прави да се спречи слободната мисла – се вели во пораката на Заев.

Според лидерот на опозицијата, денеска е доведено во прашање едно од основните права – да се работи и да се биде работник.